Во согласност со заложбите за потранспарентно работење, ФИА денес јавно објави два клучни документи создадени за да им помогаат на стјуардите во фер и конзистентно донесување одлуки.
Претседателот Бен Сулејем одлучи овие упатства да бидат објавени за да се прошири разбирањето на примената на прописите во врвниот мотоспорт, а во случајот со Упатствата за стандарди за возење, да се обезбеди референтна рамка за натпреварувачите во категории надвор од Формула 1.
Мохамед Бен Сулејем, изјави: "Стјуардите на ФИА извршуваат исклучително сложена задача, не само во Формула 1, туку и во сите наши шампионати, и тоа го прават доброволно, со голема страст и посветеност."
"Таа посветеност премногу често се среќава со екстремни и целосно неоправдани критики. За да ја демонстрираме строгоста со која ја извршуваат својата улога, денес ги објавуваме Упатствата за казни и стандарди за возење кои им помагаат во нивните одлуки."
"Ова ќе им даде на фановите и членовите на медиумите многу подлабок и попрецизен увид во тоа како се донесуваат одлуките во Формула 1. Упатствата за казни се основна алатка речиси една деценија, додека Упатствата за стандарди за возење воведени во 2022 година и постојано ажурирани откако ќе се земат во предвид сите релеватни размислувања на возачите."
Упатствата немаат регулаторна вредност, туку се изготвени за да им помогнат на стјуардите за постигнување праведност и конзистентност кога се разгледуваат заедно со регулативите на ФИА за Формула 1, видео и техничките докази, и, каде што е соодветно, изјавите од возачите и тимовите вклучени во инцидентите.
Важно е да се напомене дека одлуките на стјуардите се донесуваат независно од ФИА и се базираат исклучиво на важечките регулативи, упатства и презентираните докази.
Постоејќи повеќе од една деценија, Упатствата за казни наведуваат приближно 100 вообичаени прекршоци, препорачани казни и соодветни казнени поени што треба да се применат за време на секоја сесија од тркачкиот викенд.
Во повеќето случаи, казните не се задолжителни и спаѓаат во опсегот што им е достапен на стјуардите. Упатствата за казни редовно се ажурираат, врз основа на повратни информации од стјуардите, тимовите и возачите.
Развиени на барање на возачите во Формула 1 и формулирани во консултација со Комисијата на возачи на ФИА и со возачите и тимовите, Упатствата за стандарди за возење даваат јасност за однесувањето во различни ситуации на трки, вклучувајќи престигнувања од внатрешната и надворешната страна од свиоците, шиканите и S-кривините, попречување, движење под сопирање, повторно приклучување на патеката, и многу повеќе.
Најновата верзија на Упатствата за стандарди за возење беше изготвена по состанокот со возачите организиран за време на Големата Награда на Катар во 2024 година. Понатамошни подобрувања ќе се вршат во консултација со возачите и тимовите на континуирана основа.
Многу инциденти бараат субјективна проценка, а стјуардите се водени од искуството на нивните возачи стјуарди во комбинација со овие упатства и прописите на ФИА.
Доколку е утврдено од точките А и Б подолу дека возачот што престигнува има предност, одговорност на возачот што се брани е да избегне судир и истуркување на возачот што го престигнува надвор од патеката.
Внимание се обрнува и на важната забелешка во точката Ф на страница 3, за возачите што се бранат и кои ја напуштаат патеката додека бранат позиција.
A. Престигнување од ВНАТРЕШНАТА страна на свиокот.
За да има право да му се даде простор при престигнување од ВНАТРЕШНА страна, болидот што престигнува мора:
- Предната оска да биде НАЈМАЛКУ ИЗЕДНАЧЕНА СО РЕТРОВИЗОРИТЕ на другиот болид ПРЕД И НА АПЕКСОТ
- Да биде управуван на целосно контролиран начин, особено од влезот до апексот, и да не е "dive-in" потег.
- Според проценката на стјуардите, да има заземено разумна тркачка линија и да може да го заврши престигнувањето во рамките на границите на патеката.
B. Претекнување од НАДВОРЕШНАТА страна на свиокот.
Претекнување од надворешната страна секогаш ќе се смета за потежок маневар за извршување. За да има право на простор, вклучително и на излезот, при претекнување од НАДВОРЕШНАТА страна, болидот што го претекнува мора:
- Предната оска да биде ПРЕД ПРЕДНАТА ОСКА на другиот болид НА АПЕКСОТ.
- Да биде контролирано управуван од влезот, до апексот и до излезот.
- Да може да го помине свиокот во рамките на границите на патеката.
C. Шикани и S-свиоци.
Горенаведените упатства за ВНАТРЕШНА и НАДВОРЕШНА страна може да важат за секој елемент од комбинацијата. Општо земено, приоритет ќе му се даде на првиот елемент од кривината.
F. Враќање на трајна предност.
Постапката во член 33.3 ќе се применува строго:
"Доколку болидот ја напушти патеката, возачот може повторно да се приклучи, но ова може да се направи само кога е безбедно
да се стори тоа и без да се добие трајна предност."
"По апсолутна дискреција на тркачкиот директор, на возачот може да му се даде можност да ја врати предноста што ја стекнал со напуштањето на патеката."
Забелешка(и): Ако, додека брани позиција, болидот ја напушти патеката (или ја скрати шиканата) и повторно се приклучи на истата позиција, тоа генерално ќе се смета од страна на стјуардите како стекната трајна предност и затоа, генерално, позицијата треба да се врати, како што е пропишано во правилата.
Ќе биде исклучиво дискреционо право на стјуардите да утврдат дали возачот на болидот "брани позиција".
ФИА ГИ ОБЈАВИ УПАТСТВАТА ЗА КАЗНИ И СТАНДАРДИ НА ВОЗЕЊЕ
6/26/2025 12:38:00 PM
0
Share to other apps