Хелмут Марко во последните години постојано изјавуваше дека го гледа Себастијан Ветел како свој наследник во тимот на Ред Бул.
На австриската телевизија ORF, четирикратниот шампион потврди дека има преговори со својот поранешен тим за враќање како советник или раководител на младинската програма.
"Во последно време се пишуваше низ медиумите на оваа тема. Имам многу добар однос со Хелмут и разговараме за ова прашање. Во моментов, сите овие разговори се прелиминарни и без никакви специфики, но навистина можам да играм улога во тимот, но што точно, времето ќе покаже."
"Морам да кажам дека бев далеку од Формула 1 во последните неколку години, но Хелмут знае што прави и без разлика што ќе се случи, има многу што да се научи од него. Мислам дека е незаменлив."
"Направи многу за тимот од 2005 година и можеби нема да можат да го заменат. Хелмут неколку пати изјави дека планира да се пензионира, но засега продолжува да работи и му посакувам да остане на функцијата што е можно подолго. Хелмут е голем реалист и ќе знае кога ќе му дојде време да престане."
ВЕТЕЛ СЕ ВРАЌА ВО ТИМОТ НА РЕД БУЛ?!?
6/26/2025 11:02:00 AM
0
Share to other apps