Кристијан Хорнер не е веќе тимски шеф на Ред Бул. Тимот го отпушти и, откако ги информираше своите вработени, официјално го потврди доаѓањето на Лоран Мекис на негово место. Тој ќе биде новиот извршен директор/тимски шеф на Ред Бул.
После дваесет години, со осум титули кај возачите и шест кај конструкторите зад себе, Хорнер го напушта Ред Бул. Неговата смена е моментална. Алан Перман е промовиран во нов тимски шеф на Рејсинг Булс.
"Сакаме да му се заблагодариме на Кристијан Хорнер за неговата исклучителна работа во текот на изминатите 20 години. Со неговата неуморна посветеност, искуство, знаење и иновативно размислување, тој беше главен двигател во етаблирањето на Ред Бул како еден од најуспешните и најпривлечните тимови во Формула 1. Ти благодариме за сè, Кристијан, и секогаш ќе останеш важен дел од историјата на нашиот тим."
Мартин Брандл разговарал со него, и во разговорот се добило впечаток дека Хорнер не ги знае точно, кои се причините за неговото заминување по 20 години во Милтон Кејнс.
Освен спортските резултати на тимот, реалноста е дека последните 18 месеци беа многу комплицирани за Британецот и надвор од патеката. Период во кој тој мораше да се соочи со обвинувања за несоодветно однесување, поднесени на почетокот на 2024 година од вработен во групацијата.
Тие беа отфрлени, дури и по жалбата. Хорнер, од своја страна, ги негираше во секое време. Тој го надмина тој тежок период, со поддршка на тајландскиот сопственик. Но сега, среде гласини за тензии меѓу Британецот и семејството Ферстапен , неговото заминување е официјално потврдено.
Ред Бул во изминатиот приод изгуби неколку истакнати личности. Луѓе кои со години ја сочинуваа структурата на тимот и беа на важни позиции во Милтон Кејнс. Тоа беа многу значајни заминувања, згора на тоа, непосредно пред голема промена на регулативата што следува во 2026 година.
Адријан Њуи премина во Астон Мартин, а спортскиот директор Џонатан Витли се приклучи на Заубер. Шефот на стратегија ќе се приклучи на Мекларен. Ред Бул губи места со секоја измината трка, а доминацијата му ја препушти на Мекларен.
Веќе не се ни вториот најбрз тим, Ферари и Мерцедес АМГ моментално се пред нив во шампионатот на конструктори. Ова ги наведе да се обидат, на сите начини, да ја ублажат оваа ситуација. Оттука и неуспешната промоција на Лиам Лосон и неговото уште побрзо заменување со Јуки Цунода, и повторно без многу успех, барем засега.
Заминувањето на Хорнер, предизвика верижна реакција. Позиција толку важна како таа на Британецот, кој е лице на Ред Бул веќе две децении, требаше веднаш да се пополни. И тоа се случи, Лоран Мекиес ќе ја преземе улогата на извршен директор/тимски шеф на Ред Бул.
Неговата позиција во Рејсинг Булс исто така треба да се пополни. И, во овој случај, реакцијата беше брза. Алан Перман, сегашниот тркачки директор, е избран да биде унапреден во тимски шеф. Потег кој веднаш стапува на сила.
Со ова промените во раководните позиции во семејството на Ред Бул се финализирани. Бирем период, непосредно пред летната пауза, по година и пол исполнета со проблеми.
Во последните недели, најверојатно читавте за многуте шпекулации за понатамошното присуство на Макс Ферстапен во Ред Бул, и тоа со добра причина.
Моменталните перформанси на РБ21 не му дозволуваат да се натпреварува со Мекларен и да се бори за шампинската титула. Понатаму, гласините за Ред Бул ПЕ, која се дизајнира со помош на Форд за 2026 година не се особено охрабрувачки. На сето ова се додава и "одливот на мозоци" во последните години.
И на крај, но не и најмалку важно, бидејќи можеби тоа беше повод за целата оваа приказна се тензиите меѓу менаџментот на Ферстапен и Кристијан Хорнер.
Макс има договор со Ред Бул до 2028 година. Сепак, гласините отсекогаш сугерираа дека постојат одредени клаузули во неговиот договор што би овозможиле негово предвремено заминување од тимот.
Но, не е лесно да се пушти возач како Холанѓанецот, кој, пак, од своја страна имаше, а можеби и сè уште има, одредени барања да продолжи со тимот кој, денес, повеќе не нуди исти гаранции како некогаш во однос на перформансите и стабилноста.
Една недела пред отпуштањето на Хорнер, германскиот АМУС, сугерираше дека семејството Ферстапен бара структурни промени во раководството на тимот, а Кристијан Хорнер е во центарот на спорот.
Значи, сега кога ја имаат "главата" на Хорнер, дали има причина да не продолжат да ги носат боите на Ред Бул? Мерцедес АМГ, чека одговор, или барем чекаше. Тото Волф јавно флертуваше со четирикратниот шампион, кој е еден од клучните возачи во последно време во Ф1 шампиоатот.
Сите тимови го сакаат Ферстапен во нивните редови, но ако некој покажал посебен интерес, тоа е Мерцедес АМГ. Тие сè уште не ги потврдиле договорите, ниту на Кими Антонели, ниту на Џорџ Расел.
Изјава за намера? Сепак, ситуацијата во моментов останува нејасна. Мерцедес АМГ засега не се откажува од можноста. Менаџерот на Ферстапен, Рејмонд Вермелен, во Силверстоун потврди дека е нормално да има разговори со Тото или со кој било тим, бидејќи во Формула 1 "сите разговараат со секого".
Протагонистот во целата оваа приказна, Ферстапен, молчи. Тој не сака да зборува за тоа каква ќе биде неговата иднина се до последната рка од оваа сезона, која се вози во Абу Даби.
Кристијан Хорнер не е единствената личност што го напушти Ред Бул. Покрај смената на тимскиот шеф, тука се и заминувањата на Пол Смит, раководител на комуникации, и Оливер Хјуз, директор за маркетинг.
Последниот ден на Кристијан Хорнер на чело на тимот на Ред Бул бил ден обележан со емоции и тага во фабриката во Милтон Кејнс.
"Вчера бев информиран од Ред Бул дека, од оперативна перспектива, повеќе нема да бидам вклучен во тимот од овој состанок. Ќе продолжам да бидам вработен во компанијата."
"Очигледно, ова беше шок за мене. Имав можност да размислам во последните 12 часа и сакав да бидам тука пред сите вас за да ја споделам веста."
"Сакам само да ја изразам мојата благодарност до секој член на тимот кој даде толку многу во изминатите 20 и пол години колку што сум тука."
"Кога пристигнав пред 20 години, со помалку седа коса, се приклучив на еден тим и не знаев што да очекувам. Веднаш бев средечно пречекан, и од две трошни згради почнавме да го градиме она што стана моќен Ф1 тим."
"Грижата и тоа што сум дел од овој тим беше најголемата привилегија во мојот живот... Го чувствувам тоа."
Кога Хорнер вели дека ќе остане вработен во компанијата, тој се осврнува на условите за отпуштање според кои тој ќе остане на платен список до изминување на задолжителниот период на задолжителен "одмор" до крајот на годината.
"По неверојатно 20-годишно заедничко патување, со тешко срце се збогувам со тимот што го сакав толку многу. Секој од вас, неверојатните луѓе во фабриката, беше срцето и душата на сè што постигнавме."
"Без разлика дали победувавме или губевме, на секој чекор од патот, се поддржувавме еден со друг и никогаш нема да го заборавам тоа. Беше привилегија да бидам дел од и да го водам овој епски тим и сум многу горд на нашите колективни достигнувања и на сите вас."
"Им благодариме на неверојатните партнери и фанови кои ни дозволија да се натпреваруваме. Вашата поддршка му помогна на тимот да прерасне од скромни почетоци во сила во Формула 1, освојувајќи шест шампионски титули кај конструкторите и осум шампионски титули кај возачите."
"Благодарност и до нашите ривали, без кои немаше да има трки. Нè поттикнувавте, нè предизвикавте и ни дозволивте да постигнеме работи за кои никогаш не сме сонувале. Конкуренцијата ја направи секоја победа послатка, а секој неуспех можност за развој и раст."
"Формула 1 е спорт изграден врз амбиција, страст и почит. Ривалствата беа жестоки, но заедничкиот стремеж за иновации и подигнување на границите е она што го направи ова патување толку посебно. Беше чест да бидам дел од оваа неверојатна ера на мотоспортот."
"Си заминувам со огромна гордост за она што го постигнавме, а исто така и за она што е во подготовка за 2026 година, и со огромна почит кон сите што ја направија Ф1 што е денес. Ви благодарам на сите.", напиша Хорнер на својот официјален инстаграм профил.
Само пред четири недели, Кристијан Хорнер ги негираше гласините за неговиот трансфер во Ферари, кои се појавија неколку дена претходно.
Само пред пет дена, Бенедето Виња, извршниот директор на Ферари, пристигна во Силверстоун за да го следи тимот и, попатно да разговара со Фред Васер, чиј договор истекува и треба да се преговара повторно, освен ако нема други планови.
По начинот на кој Џон Елкан тивко го доби Луис Хамилтон, не може да се биде сигурен дека не би се обидел да го стори истото и со Хорнер. Значи, да се види Кристијан Хорнер во Маранело не е незамисливо, но сигурно нема да се случи набрзо.
Не е само периодот на задолжителен одмор, туку, тука е и семејството, кое е една од причините зошто многу британски инженери или одбиваат да одат во Маранело или не издржуваат долго.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.