Оскар Пјастри ja покажа истата брзина како и на тренинг сесија и го заработи правото да стартува од првата позиција на утрешниот Спринт за Големата Награда на Белгија во 2025 година.
Австралијанецот го победи Макс Ферстапен за четири десетинки и Ландо Норис за шест. Тој беше фаворит и ги оправда очекувањата, иако имаше, како штои самиот кажа, момент за срцев удар во SQ2, кога неговиот брз круг беше избришан поради надминување на границите на патеката.
Пласманот во финалната пресметка го обезбеди со П10 и предност од само 0.041 делови од секундата во однос на Лиам Лосон. Во последната пресметка, тој се врати во врвна форма и беше далеку пред своите ривали.
Ова беа спринт квалификации со многу изненадувања, од отпаѓањето на Луис Хамилтон и Кими Антонели во SQ1 до тоа на Џорџ Расел во SQ2.
Ова доведе до тоа многу возачи од средината на поредокот да се пласираат во SQ3. Во таа ситуација, Карлос Саинц Јр. ја освои заслужената шеста позиција, сместена помеѓу возачите на Хаас, кои се чини дека се снаоѓа многу добро на Спа-Франкоршамп.
Пјер Гасли, Исак Хаџар и Габриел Бортолето го комплетираа пореокот на најбрзите 10 возачи.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД САБОТНАТА АКЦИЈА, СПРИНТ, 12:00 MK И КВАЛИФИКАЦИИ, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По една тренинг сесија во која доминираше Оскар Пјастри, во викендите со спринт формат, на ред беа Спринт квалификациите за Големата Награда на Белгија, која се вози на легендарната патека Спа-Франкоршамп.
На почетокот на SQ1 сесијата немаше голема гужва во пит-линијата. Сите возачи стрпливо чекаа во своите гаражи, пред да тргнат во акција задолжително на, според прописите, жолтите гуми на Пирели.
Првото време од 1:42.711 го забележа Исак Хаџар. Џорџ Расел брзо го намали на 1:42.650, но возачите на Мекларен беа расположени: 1:41.769 за Оскар Пјастри и 1:42.068 за Ландо Норис. Макс Ферстапен стартуваше со 1:42.043.
Првите времиња им овозможија на возачите на врвот на табелата удобно да се пласираат во следната рунда, па затоа битката беше на долниот дел од табелата. И токму таму, двајца возачи од врвот останаа без пласман.
Луис Хамилтон, со две грешки во своите кругови, заврши осумнаесетти. Кими Антонели заврши последен. Другите елиминирани возачи беа Алекс Албон, Нико Хулкенберг и Франко Колапинто.
На ред беше SQ2 сесијата, а асфалтот достигна 40 степени, за разлика од кај нас во Македонија каде амбиенталната температура беше далеку над 40-от степен.
Уште еднаш, од сите возачи се бараше да стартуваат со жолти гуми, и немаше брзање на почетокот. Во овој случај, возачите на Мекларен ја отворија акцијата, почнувајќи со 1:42.182 за Ландо Норис и 1:41.736 за Оскар Пјастри, но времето на Австралијанецот беше избришано поради надминување на границите на патеката.
Кратко потоа, Макс Ферстапен го заврши кругот со време од 1:41.583, а Чарлс Леклер со 1:41.786. Оскар Пјастри, во својот втор круг, и покрај тоа што имаше малку сообраќај, успеа да забележи 1:42.128, што се чинеше дека е доволно за пласман во SQ3.
Но, патеката драматично се подобри, а Оскар Пјастри успеа да заврши само десетти, за малку!
Норис, исто така, мораше да направи круг во последен момент и беше најбрз. На оваа подобрена патека, Естебан Окон заврши четврти, пред Габриел Бортолето, Пјер Гасли, Оливер Берман и Карлос Саинц Јр..
Елиминирани беа Лиам Лосон, Јуки Цунода, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
По две сесии исполнети со изненадувања и возбуда, во SQ3 сегментот следуваше пресметка на најбрзите 10 возачи. Температурата на асфалтот падна на 37 степени.
Уште еднаш, имаше многу трпение на почетокот, бидејќи сите возачи бараа најдобро време за да излезат на патеката. Овој пат сите беа на црвени гуми и со само еден брз круг.
Оскар Пјастри беше во врвна форма. Австралијанецот извозе време од 1:40.510, победувајќи го Макс Ферстапен за четири десетинки, Ландо Норис за шест и Чарлс Леклер за седум.
Естебан Окон беше најдобриот од останатите, пред Карлос Саинц Јр., кој се најде на П6 меѓу возачите на Хас, кои освоија одлични стартни позиции.
Пјер Гасли, Исак Хаџар и Габриел Бортолето го комплетираа Топ 10 поредокот.
По спринт квалификациите, стјуардите ги повикаа Јуки Цунода и Џорџ Расел за премногу бавно возење на патеката, а Пјер Гасли за евентуално блокирање на Цунода.
Откако ги разгледаа околностите на инцидентите, стјуардите издадоа казна укор за возачите на Ред Бул и Мерцедес АМГ. За Јуки, ова е втор укор во сезоната, а за Џорџ, прв.
Што се однесува до Пјер Гасли, стјуардите не забележаа никаков прекршок во постапките на возачот на Алпин, па затоа не применија санкции кон него.
ДОМИНАЦИЈА НА ОСКАР ПЈАСТРИ, МАКС ВЕДНАШ ДО НЕГО
7/25/2025 02:15:00 PM
0
Share to other apps






