Големата Награда на Белгија носи неколку нови карактеристики за викендот.
Прво, има промена во номинација на гумите. Од најтврдата C1 смеша на Пирели се произведени белите гуми, потоа се скока една смеша, т.е. C3 е наменета за жолтите и C4 за црвените гуми.
Оваа промена има за цел да додаде повеќе возбуда во трката и поголема непредвидливост во однос на стратегиите.
Овој викенд е во спринт формат,што значи дека ова беше првата и единствена тренинг сесија во целиот викенд во Белгија.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:30 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Макс Ферстапен го имаше најбрзото време на жолтите гуми, додека повеќето возачи во раните фази ги тестираа белите гуми. Времињата беа доста побавни од првата тренинг сесија од минатата година, но тоа беше нормално, со оглед дека се користеа најтврдите смеши на Пирели.
По 25 минути од тренингот, Чарлс Леклер се искачи на првото место на табелата со белите гуми. Возачите на Мекларен по традиција не атакуваат на врвот со потврдите смеши, веројатно правејќи други видови тестови.
Карлос Саинц Јр. беше возачот со најмногу проблеми, и токму кога бројчаникот означи половина од сесијата, тој излезе од својата гаража, но со многу работа пред него и малку време за тоа. Другите возачи имаа завршено просек од десет круга, а тоа на патека како СПА може да направи голема разлика.
Франко Колапинто беше првиот што забележа време на црвените гуми, искачувајќи се на осмото место. Останатите возачи чекаа малку подолго. Со останати само десет минути до крај на сесијата започна битката на најмеката смеша.
Ленс Строл прв се искачи на првото место, со време за секунда побрзо од претходното време на Леклер. Но, не се задржа долго на врвот.
Оскар Пјастри, кој демонстрираше супериорност во вториот сектор, се најде на врвот со девет десетинки предност пред Канаѓанецот во Астон Мартин. Макс Ферстапен, пак, беше половина секунда зад Австралијанецот.
Леклер беше трет, осум десетинки зад нив. Норис недостасуваше, имаше грешка во првиот брз круг. Но, сè укажуваше дека, повторно, станува збор за битка меѓу тимските колеги од Папаја тимот.
Во својот втор брз круг, Ландо Норис се пласираше на третото место, но половина секунда зад лидерот во шампионатот. Другите возачи значително се подобрија во првиот сектор, но тој се покажа како целосно непобедлив во средниот сектор. Тука лежи главната разлика помеѓу Австралијанецот и останатите.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА БЕЛГИЈА