Вчера, Ферари тестираше клучно ажурирање на SF-25, фокусирано на решавање на проблемите со стабилноста. Зад воланот на болидот беа главните возачи на тимот, Чарлс Леклер и Луис Хамилтон.
Моначанецот го започна тест денот во Муџело, завршувајќи ги првите 100 километри од филмскиот ден, додека Британецот тоа го направи попладнето.
Ферари конечно ја тестираше новата задна амортизација, откако претходниот ден Антонио Џовинаци комплетираше неколку круга со стандардната верзија на SF-25. Оваа сесија послужи како репер за споредба на телеметриските податоци пред техничката промена.
Тимот од Маранело ги фокусираше своите напори на тестирање на ревидирана задна амортизација дизајнирана да ја намали чувствителноста на болидот на варијации во висината, проблем што доведе до нестабилност во екстремни услови.
Модификацијата, исто така, има за цел да го подобри абењето на гумите, еден од клучните фактори за намалување на разликата со водечките тимови.
Чарлс Леклер кој возеше наутро, комплетирапе кратки стинтови, додека Луис Хамилтон, кој излезе на патеката попладне, ја фокусираше својата работа на долги стинтови.
Техничкиот директор на Ферари, Лоик Сера, изрази оптимизам во врска со потенцијалот на надградбата, чија цел е SF-25 да добие конзистентност и конкурентност за претстојните трки.
Резултатите добиени во Муџело послужија како основа за одлучување дали официјално да се имплементира оваа конфигурација за претстојната трка во Белгија.
Според, Мотоспорт Италија, иако разликите помеѓу новата задна амортизација и претходната не се значајни, надградбата е одобрена и затоа ќе ја користат на патеката Спа-Франкоршамп.
Една недела подоцна, во Унгарија, ќе биде завршена модификацијата на воланот, за чија прецизност се пожалија двајцата возачи.
ФЕРАРИ СО КОНЕЧНА ОДЛУКА ЗА НОВАТА ЗАДНА АМОРТИЗАЦИЈА
7/17/2025 11:31:00 PM
0
Tags
Share to other apps