Чарлс Леклер со најбрзото време на саботниот тренинг ја потврди кандидатурата на Ферари за Пол позиција во Силверстоун.
Моначанецот го победи возачите на Мекларен и Макс Ферстапен, додека Луис Хамилтон не можеше да го заврши својот брз круг поради црвените знамиња, кои беа развеани по излетувањето на Габриел Бортолето.
Едно е сигурно, а тоа е дека не очекуваат интересни квалификации, најадреналинскиот дел од тркачкиот викенд за оваа 2025 сезона.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИTE, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Како што ветуваше прогнозата, саботата беше посвежа од претходниот ден, што влијаеше на перформансите на гумите и формата на тимовите.
Небото беше покриено со облаци, температурата на асфалтот беше за 15 степени пониска од петокот, а ветерот што ги мачеше сите не стивна, туку дури и се засили.
Почетокот на саботната тренинг сесија беше одложен за да се исчисти чакалот и остатоци од гума што ги оставија историските болиди.
Возачите работеа во серија кругови, собирајќи податоци за финалните поставки на болидите. Кога има ветер, има и инциденти. Новата генерација болиди се многу чувствителни машини.
Ленс Строл имаше проблеми на излезот од седмиот свиок. Антонели речиси излета во 12-от, Гасли и Расел си го попречија патот и веднаш се пожалија на своите инженери.
Хамилтон речиси се изврте на излезот од 17-от свиок.
Со седум минути до крајот на сесијата, се појавија црвените знамиња, беше потребно да се отстрани дел од болидот на Хас во Стоу и да се исчисти патеката.
Возачите ја прекинаа акцијата и се вратија во соите гаражи, но само неколку минути подоцна повторно излегоа.
Таман излегоа, сесијата повторно беше прекината. Бортолето изгуби контрола врз својот Заубер се изврте, ја скрши предната амортизација и се заглави во чакалот покрај патеката.
Бразилецот успеа да избегне судар со заштитните бариери, но болидот не можеше сам да се движи.
На пат кон својата гаража Оливер Берман изгуби контрола на влез во боксевите, поради ладните сопирачки, го удри својот болид во бариерите, општетувајќи го предното крило. Тоа беше крајот на сесијата.
ФЕРАРИ ПОСАКУВА ПОЛ НА СИЛВЕРСТОУН
7/05/2025 12:22:00 PM
0
Share to other apps



