Макс Ферстапен ја расипа британската забава со магична Пол позиција на патеката Силверстоун.
Актуелниот шампион ги победи Оскар Пјастри и Ландо Норис и покрај сите очекувања во многу интересна квалификациска сесија.
Холанѓанецот ја забележа неговата 44-та Пол позиција во кариерата и четврта во сезоната.
Џорџ Расел од нигде никаде се протна на вториот стартен ред пред возачите на Ферари, кои се надеваат дека имаат тркачко темпо за пласман на победничкиот подиум.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД НЕДЕЛНАТА ТРКА, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Q1 сесијата беше обележана со неколку капки дожд кои започнаа да паѓаа на патеката, предизвикувајќи извесна доза на несигурност кај возачите.
Битката се одвиваше на црвените гуми, а времињата на врвот и во зоната на испаѓање беа многу блиски, најбрзото време го имаше Оскар Пјастри.
Во такви услови прв погреши Франко Колапинто, кој што излета на последниот свиок од патеката.
Аргентинецот излезе од чакалот покрај патеката и успеа да продолжи, но оштетувањата на болидот не му дозволија да стигне до својата гаража и набрзо го паркираше својот Алпин на излезот од боксевите.
Сесијата беше стопирана на 6:49 минути со крајот.
Колапинто беше првиот што беше елиминиран, заедно со двата возачи на Заубер, со Габриел Бортолето пред Нико Хилкенберг. Ленс Строл повторно не може да ја помине првата сесија, а изненадување, до одреден степен, беше елиминацијата на Лиам Лосон.
Фернандо Алонсо имаше супер круг во раните фази од Q1 и не излезе повторно на патеката, беше сигурен дека се пласирал во наредниот сегмент од квалификациите.
Најдоброто време му припадна на Макс Ферстапен, во услови кога најбрзите возачи се обидоа да заштедат од црвените гуми и излегоа на патеката со користен сет.
Делумно, Луис Хамилтон, за малку се спаси од отпаѓање со време за 14-тата позиција, но од возачите во зоната за испаѓање ретко кој се подобри.
Стратегијата користени, па нови гуми на двата возачи на Ферари им помогна да бидат најбрзи во Q2 сесијата, со Хамилтон на првото место, 49 илјадитинки пред својот тимски колега.
Фернандо Алонсо имаше одличен настап, завршувајќи седми и враќајќи се во Q3, неговиот петти пласман во последните шест квалификациски сесии. Друго изненадување беше Пјер Гасли, кој повторно се пласираше меѓу најбрзите десет со болидот на Алпин.
Покрај тоа, вреди да се истакне пласманот во Q3 на Оливер Берман, кој "аматерски" заработи казна од десет грид позиции на влез во боксевите во текот на црвеното знаме на саботната тренинг сесија.
Карлос Саинц Јр. беше првиот елиминиран возач на П11, му фалеа само 0.035 делови од секундата за понатамошен пласман. Јуки Цунода, дванаесетти, исто така беше елиминиран, но направи чекор напред во споредба со Австрија.
Немаше место во најбрзите 10 возачи за Исак Хаџар, Алекс Албон и Естебан Окон.
Во првиот обид, сите фаворити беа на нови гуми освен возачите на Мерцедес АМГ.
Оскар Пјастри постави одлично прво време, кое беше доволно за провизорната Пол позиција. Неговите ривали беа немоќни да го победат.
Хамилтон се протна на второто место, со Ландо Норис трет и Ферстапен на четвртото.
Следуваше финалната битка со преостанатите последни брзи круга за возачите.
Оскар Пјастри имаше извонреден прв круг, но неговото темпо во вториот се намали и не можеше да го подобри првичното време.
Ландо Норис се подобри, но, не доволно да премине на врвот на табелата. Летечкиот Холанѓанец беше достоен на својот прекар и со подобрување од три десетинки од своето прво време се најде на Пол позицијата.
Актуелниот шампион ја освои својата прва пол позиција по Мајами и ја расипа забавата на британците. Пјастри и Норис завршија втори и трети соодветно, пред Џорџ Расел, кој изненадувачки излезе пред возачите на Ферари.
Хамилтон успеа да го победи Леклер на домашната трка, но завршувањето на петтата и шестата позиција е разочарувачки резултат за нив.
Антонели заврши седми, а Берман осми. Сепак, Алонсо, кој се квалификуваше како деветти, ќе стартува седми поради казните што ги имаат Берман и Антонели.
Шпанецот се префрла во четвртиот стартен ред, заедно со Пјер Гасли, а Карлос Саинц Јр. на крајот ќе стартуваат како деветти, пред Кими Антонели откако ќе му биде аплицирана казната од три позиции. Берман од П8, оди на П18.
МАКС ЈА РАСИПА САБОТНАТА ЗАБАВА НА БРИТАНСКИТЕ ФАНОВИ
7/05/2025 02:06:00 PM
0
Share to other apps






