Мекларен следната година во Формула 1 ќе се трка со болид што не е нивна сопственост.
Со поддршка на RM Sotheby's, Мекларен ќе ги продаде на аукција не само Ф1 болидите од оваа година, туку и еден од следната 2026 сезона, на реномирани колекционери.
Доколку бидат продадени, некои нивни сопственици ќе можат да кажат: "Мојот болид Победи на трка..." Или ако е шампионски, ќе имате врвна сопственост...
Колекционерите ќе мора да чекаат две години за својот нов болид, но, за парите ќе добијат и многу повеќе, бидејќи тоа вклучува VIP посети на тимот на одредени трки од Ф1 Шампионатот, па дури и посети на базата во Вокинг.
На аукција ќе бидат понудени и најновиот хиперавтомобил на Мекларен, дизајниран да се натпреварува во WEC, и Мекларенот "Arrow" што возачот на Индикар тимот, Пато О’Вард, ќе го вози на класичната трка Инди 500 во мај 2026 година.
Аукцијта ќе се одржи во Абу Даби на 6 декември, за време на последниот тркачки викенд од тековниот Ф1 шампионат.
Зак Браун потврди дека оние што ќе ги купат овие болиди, ќе имаат невиден ВИП пристап до тимот и акцијата на патеката.
Сето ова ќе ја направи нивната вредност значително повисока, а касата на Мекларен Рејсинг ќе биде благодарна.
МЕКЛАРЕН ЌЕ ПРОДАВА НЕПОСТОЕЧКИ БОЛИД
8/14/2025 01:03:00 PM
0
Tags
Share to other apps