Чарлс Леклер извојува изненадувачка победа, освојувајќи ја Пол позицијата за Големата Награда на Унгарија.
Моначанецот тесно ги победи возачите на Мекларен во блиската и неизвесна битка во финалниот сегмент од квалификациите.
Друшто на првиот ред ќе му прави Оскар Пјастри, додека Ландо Норис и Џорџ Расел ќе стартуваат веднаш зад нив.
Фернандо Алонсо ја обезбеди петтата стартна позиција, со само една десетинка заостанување од најбрзото време. Неговиот тимски колега го следеше и ќе стартува покрај него со шестото најбрзо време.
Мекларените беа јасни фаворити, не само поради она што го видовме на тренинг сесиите, туку и затоа што доминираа во Q1 и Q2. Но, ветерот и патеката се променија за Q3, а Леклер успеа да извлече малку повеќе од Ферарито, за да ја обезбеди својата 27-ма Пол позиција во Формула 1.
Првите четири болида беа во разлика од само 0.053 делови од секундата! Од друга страна, квалификациите беа полни со изненадувања, па така Габриел Бортолето беше пред Макс Ферстапен и се квалификуваше како седми, а Луис Хамилтон, возејќи го болидот кој ја озвои пол позицијата, не успеа да влезе ни во најбрзите 10 возачи.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По три тренинг сесии со Мекларен како доминантна сила, започнаа квалификациите на целосно сув асфалт со температура од 51 степен.
Тимот на Вилијамс ја отвори акцијата по повеќе од една минута неактивност. Карлос Саинц Јр., со грешка во првиот свиок, постави време од 1:18.282, неговиот тимски колега имаше 1:17.441.
Возачите на Мекларен преминаа директно на времиња од 1:15, со Оскар Пјастри пред Ландо Норис, додека Луис Хамилтон беше привремено трет.
Фернандо Алонсо имаше добар почеток и се пласираше на четвртото место, пред Исак Хаџар, Ленс Строл, Чарлс Леклер, па дури и Макс Ферстапен.
Возачите на Мерцедес АМГ се појавија малку подоцна на патеката. Џорџ Расел беше само 73 илјадити делови од секундата зад Пјастри, додека Кими Антонели беше трет, две десетинки зад лидерот.
Болидите на Астон Мартин решија да започнат порано со нивниот втор обид, а Фернандо Алонсо ги изненади сите освојувајќи го првото место со време од 1:15.281, додека Ленс Строл постигна време од 1:15.673.
На крајот, Оскар Пјастри успеа да го победи тоа време, но за само 70 илјадити делови од секундата, што го направи најбрз во сесијата, но Шпанецот заврши на изненадувачкото второ место.
Франко Колапинто успеа да се пласира во Q2, елиминирајќи ги Јуки Цунода, Пјер Гасли, Естебан Окон, Нико Хулкенберг и Алекс Албон.
Q2 сесијата започна на сув асфалт, но температурата падна на 41 степен. Кими Антонели овој пат беше прв на патеката, поставувајќи време од 1:16.386 со користени црвени гуми.
Возачите на Астон Мартин имаа навика да се појавуваат први, барајќи што почиста патека, без голем сообраќај, во услови кога мала разлика во време носеше или губеше многу позиции.
Фернандо Алонсо го презеде водството со време од 1:15.395. Со неизвесноста што ја донесоа неколкуте капки дожд, Ландо Норис овој пат не остави ништо на случајноста и, со време од 1:14.890, се покажа како непобедлив уште во првиот брз круг.
Оскар Пјастри заостана 51 илјадитинка. Макс Ферстапен и Ферари стартуваа со користени црвени гуми и не беа многу конкурентни.
Слаб дожд продолжи да врне во близина на патеката, а Ленс Строл, повторно со поинаква стратегија, постави импресивно време од 1:15.129 во последниот обид, што го стави на третото место, зад Мекларените и пред Фернандо.
Алонсо, во меѓувреме, одлучи да не направи втор брз круг за да спаси нов сет црвени гуми, но сепак заврши втор.
Луис Хамилтон падна на дванаесеттото место, зад Оливер Берман и пред Карлос Саинц Јр., Франко Колапинто и Кими Антонели, чиј втор круг беше избришан поради надминување на границите на патеката.
Дождот сè уште кружеше покрај патеката, а температурата на асфалтот падна под 40 степени. Ветерот го промени правецот, а тоа ја зачини битката за прите 10 позиции.
Во овој случај, пет возачи, Ленс Строл, Чарлс Леклер, Габриел Бортолето, Лиам Лосон и Макс Ферстапен, стартуваа со користени црвени гуми, останатите со нови.
Во првиот обид, Оскар Пјастри беше најбрз со време од 1:15.398, по него следеа Ландо Норис, со заостанување од 0.096, и Џорџ Расел, со заостанување од две десетинки.
Патеката беше побавна отколку во Q2 сесијата.
Фернандо Алонсо беше на четвртото место, Макс Ферстапен на петтото и Чарлс Леклер на шестото. Првите 10 ги комплетираа Лиам Лосон, Габриел Бортолето, Ленс Строл и Исак Хаџар (без време).
Следуваа последните брзи круга, а Чарлс Леклер повторно докажа дека е ѕвер во квалификациите.
На крајот од Q3 сесијата со донекаде "чудна" патека и нестабилни ветрови, Моначанецот забележа време од 1:15.372, победувајќи ги Пјастри за 0.026, Норис за 0.041 и Расел за 0.053 делови од секундата.
Фернандо Алонсо, пак, ја доби својата лична битка со Ленс Строл за само 0.017 секунди и заврши петти, една десетинка зад најбрзото време.
Габриел Бортолето го победи Макс Ферстапен и го освои седмото место, додека Лиам Лосон и Исак Хаџар го комплетираа топ 10 поредокот.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР СО ИЗНЕНАДУВАЧКА ПОЛ ПОЗИЦИЈА НА ХУНГАРОРИНГ
8/02/2025 03:06:00 PM
0
Share to other apps