Мекларен продолжува да импресионира во Унгарија, обезбедувајќи уште еден доминантен еден-два пласман на саботната тренинг сесија, овој пат предводен од Оскар Пјастри.
Лидерот во шампионатот го победи Ландо Норис за 32 илјадитинки, во сесија во која Ферари повторно беше најблискиот конкурент со Чарлс Леклер на третото место и огромни четири десетинки заостанување и Луис Хамилтон четврти со осум десетинки.
Според досега прикажаното на сите тренинг сесии, битката за Пол позицијата ќе се одвива помеѓу тимските колеги од папаја тимот, додека сите останати ќе се борат за вториот стартен ред и погоре.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Mаксималните подесувања на потисната сила ретко се користат во текот на сезоната, а конфигурацијата на Хунгароринг и топлото време ги зголемија проблемите.
Тимовите продолжија да работат на поставките, фокусирајќи се на квалификациите. Тешко е да се престигне на патеката, па стартната позиција е многу важна, особено што прогнозата за денот на трката не исклучува дожд.
Меѓу оние кои можат да се насмевнат е Кими Антонели, добро петто место за Мерцедес АМГ, како и двата болиди на Астон Мартин кои ја потврдија својата конкурентност со шестото и седмо место на Алонсо и Строл.
Осмото место му припадна на Џорџ Расел, додека најбрзите десет возачи ги комплетираа двата болиди Заубер на Бортолето и Хулкенберг.
Ред Бул продолжува да се мачи, со Макс Ферстапен на 12-то место, а Јуки Цунода претпоследен, иако јапонецот не направи брз круг со црвените гуми.
Ќе видиме дали овие бројки ќе бидат потврдени на квалификациите денес попладне.
МЕКЛАРЕН СО ТОТАЛНА ДОМИНАЦИЈА, ПЈАСТРИ ГО ПОБЕДИ НОРИС ЗА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА
8/02/2025 12:09:00 PM
0
Share to other apps