Младиот талент Теофан, само 12-годишен, веќе 4 години активно се трка во картинг натпревари во Франција, Швајцарија и Италија.
Со секоја трка, со секој подиум и со секое ново искуство, тој чекор по чекор ја гради својата патека кон врвот на моторспортот.
Дали токму тој ќе биде оној кој ќе ја стави Македонија меѓу елитата, меѓу 20-те најдобри возачи во светот?
Дали за помалку од 6 години ќе ја слушнеме македонската химна на најпрестижните трки, како симбол на историја што допрва се пишува...
Теофан и неговото семејство се целосно посветени на оваа мисија. Целта е јасна, Формула 1.
Патот е тежок, но талентот и страста се таму, a можеби и времето конечно е дојдено, Македонија да има свој претставник во најбрзиот спорт на планетата.
МАКЕДОНЕЦОТ ТЕОФАН (12), РОДЕН ВО ШВАЈЦАРИЈА, ТАЛЕНТ НА ПАТ КОН ФОРМУЛА 1
9/28/2025 11:14:00 AM
0
Share to other apps