Проблемот со рабникот во 17-от свиок значително го ограничи времето на возење, но тоа не ги спречи Мекларените да обезбедат уште еден-два пласман.
Но, Оскар Пјастри помина доста време во својата гаража поради проблеми со Мерцедес ПЕ во неговиот болид.
Дали е нешто посериозно?!? Да не излезе ова, Оскар на Ландо му откажа ПЕ, сега на ред е твојата?!?
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 2, 14:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Градската патека во Баку е една од најпредизвикувачките во календарот, барајќи од возачите да имаат многу самодоверба за комплетирање на брз круг.
Тренинг сесиите се за тоа, за да се изгради самодоверба, малку по малку, пронаоѓајќи ја крајната граница на болидот, и на тој начин да се пронајде идеалната поставеност за квалификациите.
Затоа тренинзите во Баку обично носат повеќе жолти знамиња, бидејќи возачите често ги користат зоните за излетување, а првиот возач кој го направи тоа беше Габриел Бортолето.
Патеката на почеток е многу "зелена", но како одминува викендот се очекува значителен напредок. Покрај жолтите, беа развеани и црвените знамиња поради остатоци во 17-от свиок, што предизвика застој од речиси половина час.
Проблем со рабникот ги принуди маршалите да работат напорно на неговата поправка, а требаше да бидат проверени и сите останати низ целата патека.
Многу е невообичаено возачите да го започнат првиот тренинг на црвените гуми, но во овој случај, тоа беше изборот на сите нив. C6 е најмеката смеша на Пирели, а беше користена на патеки како Имола, Монако и Канада, каде што немаше голема разлика во споредба со C5, која ќе биде жолта гума за овој викенд.
Мекларен, т.е. Ландо Норис стартуваше со најбрзото време, додека Оскар Пјастри беше помалку конзистентен и не можеше да вози толку многу како неговиот тимски колега поради проблем со MGU-K во погонската единица на Мерцедес. Всушност, Австралијанецот заостануваше повеќе од една секунда.
Како што часовникот почнува да се приближува кон нула, возачите почнуваат да се приближуваат кон заштитните бариери, што доведува до стресни ситуации на нивните механичари.
Луис Хамилтон беше еден од првите што ги допре бариерите, при што го оштети предното крило,а бонус беше дупнатата гума. Контакт со бариерите имаше Алекс Албон, Оскар Пјастри, додека Макс Ферстапен имаше излегување во безбедносната зона при неговиот брз круг.
При крајот на сесијата, Пјастри, ја намали разликата во однос на Норис на само три десетинки, но треба уште да стекнува самодоверба во својот Мекларен. Тимот од Вокинг немаше премногу конкуренција, а најблиску до нив беше Чарлс Леклер со заостанување од половина секунда.
Моначанецот е вистински специјалист за Баку и сите ние се надеваме дека ќе пружи добра форма во квалификациите, што беше вообичаено за него во послените 4 години.
Џорџ Расел заврши четврти со Мерцедес АМГ, а Алекс Албон петти со Вилијамс. Карлос Саинц Јр. заврши осми во другиот Вилијамс, а двајцата возачи на Ред Бул се најдоа помеѓу нив.
Веќе е изненадувачки што овие два болиди се заедно во пласманот, но уште повеќе е изненадувачки што Јуки Цунода заврши пред Ферстапен. Двајцата завршија шести и седми соодветно.
Двата болиди на Рејсинг Булс, на Исак Хаџар и Лиам Лосон, го комплетираа топ 10 поредокот во сесија во која не видовме премногу акција.
Следна сесија на програмата е вториот тренинг, закажан за 14 часот по Македонско време.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА БАКУ