По доминацијата на Мекларен на првата тренинг сесија, втората донесе нов тим на врвот на табелата. Возачите на Ферари беа расположени и обезбедија 1-2 пласман.
Луис Хамилтон беше возачот кој успеа да го пронајде лимитот на патеката и покрај грешката на првата тренинг сесија, забележувајќи време од 1:41.293, побрзо од пол позиијата за минатата година.
Зад 40-годишниот Британец беше Чарлс Леклер, кој имаше заостанување од 74 илјадитинки од својот тимски колега на крајот од сесијата.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 3, 10:30 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
За разлика од Ферари, кој изненадувачки блескаше попладнево во Баку, тимот на Мекларен се чинеше дека се мачи во однос на подесувањето на својот болид, при што двајцата нивни возачи имаа проблеми со наоѓањето на встинскиот грип од најмеките гуми.
Највисоката цена ја плати Ландо Норис, кој удри во бариерите покрај четвртиот свиок, кршејќи ја левата задна амортизациј, на почетокот од својот брзкруг на нов сет од црвените гуми. Претходно забележаните времиња му обезбедија пласман на 10-то место на табелата.
Оскар Пјастри успеа целосно да ја комплетира својата тест програма, но заврши на П12. Австралијанецот, исто така, имаше контакт со бариерите покрај 15-от свиок, но неговиот болид не претрпе никаква штета.
По завршување на сесијата, тој ќе мора да оди кај стјуардите, за евентуално прекршување на жолтите знамиња.
Во отсуство на Мекларените на врвот на табелата, двата возачи на Мерцедес АМГ, се позиционираа зад болидите на Ферари, со Џорџ Расел 0.477 зад неговиот поранешен тимски колега, а Андреа Кими Антонели веднаш зад него.
Петтото место му припадна на Оливер Берман, и тоа на жолтите гуми, кои што може да се покажат како добитна комбинација на утрешните квалификации. Пласманот на Хас, потврдува дека оваа патека одговара на Ферари погонските единици.
Макс Ферстапен го имаше шестото најбрзо време, пред Лиам Лосон во болидот на сестринскиот тим, Рејсинг Булс. Естебан Окон ја потврди добрата форма на Хас со осмото најбрзо време, завршувајќи пред Алекс Албон и Ландо Норис кој го комплетираше топ 10 поредокот.
Ф1 се враќа во акција со саботниот тренинг, закажан за 10:30 часот по Македонско време и квалификации во 14:00 часот.
ДОМИНАЦИЈА НА ФЕРАРИ ВО БАКУ
9/19/2025 12:52:00 PM
0
Share to other apps