Ландо Норис го врати Мекларен на првото место. Британецот го забележа најбрзо време на саботниот тренинг, победувајќи ги Макс Ферстапен за 22, Оскар Пјастри за 25, и Луис Хамилтон за 27 стотинки. Тука некаде беа и возачите на Мерцедес АМГ.
Ветерот беше еден од главните протагонисти на сесијата, но тоа беше очекувано, бидејќи временската прогноза предвидуваше нестабилно време и ветер во текот на денот. Ноќеска во Баку имавме слаб дожд.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 14:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Почетокот на денешната тренинг сесија беше скромен. Возачите јасно ставија до знаење дека да се биде на патеката на овој ветер е предизвик.
Никој не се брзаше да излезе на патеката, но покрај ветерот, целта беше и заштеда на повеќе сетови од пневматиците на Пирели.
Се уште не се знае која смеша ќе биде подобра, најмеката или средната, за квалификациите, кои ќе се одржат само неколку часа подоцна, во 14:00 часот по Македонско време.
Баку е патека каде, да, престигнувањето е можно, но каде што бариерите се милиметри оддалечени од болидите.
Најголемата забава на оваа тренинг сесија се одвиваше на црвените гуми, кои нема да бидат во игра на неделната трка. Огромното мнозинство тимови заштедија по два сета од белите и жолти гуми.
На околу 15 минути до крајот на сесијата, времињата почнаа да се намалуваат.
Ландо Норис, кој до тој момент беше премногу резервиран, се искачи на првото место, половина секунда побрзо од претходното време на Ферстапен.
Оскар Пјастри не можеше да забележи добро време. Беше многу блиску до ѕидовите, што дури и го натера во еден момент да излета.
На крајот, успеа да постави виолетов третиот сектор, но тоа не беше доволно за да го престигне својот тимски колега.
Ферстапен заврши околу две десетинки зад времето на Норис, на второто место. Актуелниот шампион ги раздели двата Мекларена и се надеваме дека ќе може да додаде малку повеќе возбуда во квалификациите.
Топ 5 пласманот ни носи возачи од четири различни тимови, покрај папаја болидите, тука се Ред Бул, Ферари и Мерцедес АМГ, кои би требало да се главните претеденти за Пол позицијата.
НОРИС ГО ВРАТИ МЕКЛАРЕН НА ПРВОТО МЕСТО
9/20/2025 10:19:00 AM
0
Share to other apps