Баку е место на каде адреналинот е на високо ниво. Денешните квалификации беа едни од најинтересните во оваа сезона, а Карлос Саинц Јр. речиси ќе го освоеше, она што ќе беше историска Пол позиција со Вилијамс.
Шпанецот ќе стартува од првиот стартен ред, откако ја загуби првата позиција во последните секунди од Макс Ферстапен. Лиам Лосон направи спектакл, пласирајќи се на третото место, а возачите на Мекларен и Ферари имаа катастрофален настап.
Кога е најважно, секогаш Ферстапен е тој што ја прави разликата. Актуелниот шампион пронајде извонредна брзина во последниот брз круг, возен во предизвикувачки услови, вклучувајќи слаб дожд, ветер, нерви поради претходното време изгубено за само неколку десетинки, и пред сè, притисокот од последниот обид.
Тој притисок повторно го попречува Ландо Норис, кој е само седми, со пропуштена колосална можност, откако Оскар Пјастри заврши во бариерите покрај третиот свиок.
Утрешната битка за шампионската титула ќе започне од средината на гридот, при што Австралијанецот може полесно да дише и покрај неговата сериозна грешка.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 13:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Шест црвени знамиња, слаб дожд во Q3, Вилијамс и Рејсинг Булс на првите два стартни реда, Мекларен и Ферари надвор од топ шест пласман, квалификациите во Баку беа супер интересни и подолги од неделната трка во Монца.
Но, адреналинот, мора да биде придружник на разумот, па затоа и во Азербејџан важи законот на најсилниот возач. Макс Ферстапен ја забележа својата 46-та Пол позиција во кариерата, шеста во сезоната, победувајќи ги Карлос Саинц Јр., Лиам Лосон и Кими Антонели.
Ова е уште една катастрофа во сезоната за Ферари. Откако речиси беше елиминиран во Q2, Чарлс Леклер заврши во бариерите покрај 15-от свиок, при првиот брз круг во последната сесија и ќе стартува десетти.
Луис Хамилтон со уште полош настап, бидејќи не можеше да ја помине Q2 сесијата, по одлична форма на тренинг сесиите.
Дали следува тешка трка за Италијанците, или како вели Макс брзите болиди што се надвор од позиција, за брзо време ќе не стигнат.
Мекларен се приближува до рекорд, бидејќи би ја освоиле шампионската титула кај конструктори, само ако освојат девет поени повеќе од Ферари.
Со оглед на тоа што Мекларен и Ферари ги загубија вообичаените стартни позиции, тоа го искористија аутсајдерите.
Карлос Саинц Јр. и Лиам Лосон се покажаа многу добро, пред сè со тоа што успеаа да забележат брз круг многу рано во Q3 сесијата, пред да започне слабиот дожд, но потоа и со тоа што ги потврдија своите перформанси на крајот од сесијата.
Кими Антонели, четврти на стартниот поредок, и со многу големи шанси за добар резултат на утрешната трка. Сепак, останува да видиме дали ќе добие казна од стјуардите за наводно непчитување на жолтите знамиња. Стјуардите решија само да го опоменат, без губење на стартни позиции.
Формула 1 се враќа во акција со најважниот настан од тркачкиот викенд, 17-тата трка од 2025 сезоната која е закажана за 13 часот на градската патека во Баку.
МАГИЧЕН ПОЛ ЗА МАКС ФЕРСТАПЕН ВО БАКУ
9/20/2025 12:28:00 PM
0
Share to other apps