Во Азербејџан Формула 1 го имаше своето деби во 2016 година, кога се возеше трка под името Голема Награда на Европа. Веднаш по првата трка организаторите го сменија името, и настанот ја доби титулата Голема Награда на Азербејџан.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 13:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Летото заврши, а со тоа и европскиот дел од сезоната. По Монца, Пирели се пошегува дека Мекларен го освоил Европското првенство во Формула 1, давајќи им само две од деветте победи на своите ривали, и двете во Италија, и двете за Макс Ферстапен.
Но да, ако имаше Европско првенство, Оскар Пјастри и Мекларен ќе го освојеа. Во принцип, резултатите беа сосема очекувани. Во споредба со минатата година, Алонсо испадна од првите десет, а Ред Бул и сега Мерцедес АМГ имаа по еден стандарден возач во поени.
Кими Антонели и Јуки Цунода освоија само по три поени во девет европски трки. Мора да се признае, има причина за критика. Симболично е што сезоната ќе продолжи со трката во Баку, која дебитираше како Голема Награда на Европа.
Брзата патека со својот тесен дел во стариот град изгледа одлично и нуди непредвидливи трки. Речиси секој возач направил грешки во текот на изминатите седум години.
Делува неверојатно што една градска патека може да понуди каков било адреналин, по навиката од Монте Карло, но сепак понуди, со Стариот град, брзината и опасните свиоци при такви брзини.
Потоа, во Џеда, успеаја да направат уште побрза и поопасна градска трка, но тоа не ја направи патеката во Баку помалку стресна. Како и претходно, грешките тука се многу скапи.
Тоа го покажаа и квалификациите со рекордни шест црвени знамиња, што како последица донесе невообичаен стартен поредок, и добра најава за денешната трка
Нема да биде здодевно. Оваа година, Формула 1 дојде во Баку по деветти пат. За осум години, возачот од пол позицијата ја добил и трката само двапати, па успехот во сабота речиси ништо не значи тука, сè се одлучува во недела.
Интересно е што Чарлс Леклер ги освои последните четири пол позиции на оваа патека, но не победи на нити една од нив. Ферари сè уште не победил ниту во Баку. Дали сега може да се случи обратно, по дебаклот на квалификациите, победа на трката?
На оваа трка, тимот на Мекларен, под одредени услови, од кои најважниот е освојување 9 поени повеќе од Ферари, би можел да ја обезбеди и математички титулата во шампионатот на конструктори.
Баку ги нема карактеристиките на останатите градски патеки, бидејќи стартната позицијата на истата не е од големо значење, особено во споредба со Сингапур и Монте Карло.
Со своите шест километри е втора по должина на кругот во сегашниот календар, веднаш зад СПА-Франкоршамп. Најдобро и реално остварливо место за претекнување е првиот свиок.
Таа претставува необичен спој на претежно бавни свиоци, за кои е потребна слична конфигурација на потисната сила како во Монако, и многу долги правци, на кои нивото на потисната сила е слично на Монца.
Тимовите се обидуваат да го пронајдат оптималниот сооднос на овие две екстремно спротивни конфигурации во однос на потисната сила. Кратката историја на трката сугерира дека не постои едно решение што одговара на сите предизвици.
Претекнувањето е споредливо со Австрија и Бахреин, патеки каде тоа е лесно остварливо, така што стратегијата со боксевите е повеќе оптимална, отколку реакционална. Загубата на време за влез во бокс е околу 21-22 секунди, со што патеката во Баку е една од побрзите во однос на оваа карактеристика на трката.
Кога возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 15:00 часот по локално време, воздухот ќе се загрее до 20 степени со облачно небо и ќе дува засилен северо-западен ветер. Не се очекуваат врнежи, шансата е минимални 10%.
Стратегијата е водена од деградација на гумите, а Пирели ги донесе своите најмеки и најмалку издржливи смеши C4, C5 и C6. Безбедносниот автомобил има потенцијал да влијае на стратегиите затоа што веројатноста за прекин на трката е голема.
Трката за Големата Награда на Азербејџан која се состои од 51 круг, од стратегиоска гледна точка е јасна, во нормални околности ќе гледаме само едно застанување во бокс.
Но, постојат два начини да се пристапи кон истата, а исто така и големата веројатност за излегување на безбедносниот автомобил може целосно да ги сврти работите.
Теоретски најдобриот начин да се започне трката се жолтите гуми, а потоа да се премине на белите до крајот. Ова дава широк прозорец за застанување,16-22 круг, што го прави добар конзервативен избор. Спротивниот избор бели-жолти дава прозорец на застанување помеѓу 29 и 35 круг.
Оние кои сакаат да пробаат нешто поризично може да ги користат црвените гуми за почетниот стинт, па потоа трката да ја финишираат на белите. Црвените гуми ќе испорачаат малку дополнителна брзина на почетокот, но тоа значи порано одење во бокс, 10-16 круг, и повнимателно нивно менаџирање.
Двете споменати стратегии се добри, но големата непознаница е безбедносното возило, кое би можело да понуди екстра брз пит-стоп во секој момент. Но, имаше и трки во Баку кои беа неверојатно чисти, така што тоа не е нешто на кое некој може да се потпре.
Она што е сигурно е дека со стратегијата со две застанувања е јасно побавна, и освен ако не постои многу добра причина не е препорачливо да се употреби.
Марио Изола, Пирели: "Многу необична квалификациска сесија, поради тоа колку долго траеше и во однос на употребата на гуми. Знаевме дека кога станува збор за вкупните перформанси, разликата помеѓу смешите C5 и C6 ќе биде многу мала и ќе варира од болид до болид, па дури и од возач до возач."
"Падот на температурата со која возачите мораа да се соочат во квалификациите, влошен од тоа колку долго траеа, значеше дека разликата во перформансите се намали уште повеќе. Затоа, изборот помеѓу двете смеши беше субјективен. Всушност, на прв поглед се чинеше дека најмеката смеша беше најефикасна, спротивно на она што изгледаше дека е случај по петочните тренинг сесии."
"Во однос на стратегијата, очигледно најбрзата опција е еден пит-стоп, каде што жолтите и белите гуми ќе ги играат водечките улоги, освен ако, се разбира, нема ресетирање на трката."
"Што се однесува до црвените гуми, малку е веројатно дека ќе се користат во трката, но не можат целосно да се исклучат, на пример во случај некој да сака да направи краток прв дел, за да вози на чиста патека и да стигне до финишот на белите гуми."
"Очигледно, првиот стинт на жолти или бели гуми овозможува поголема флексибилност, бидејќи не е исклучено трката да биде ресетирана, како што видовме во квалификациите и на трката во Формула 2."
"Едно нешто е сигурно, а тоа е дека ќе имаме многу непредвидлива трка, особено поради невообичаениот стартен поредок, каков што не сме виделе досега оваа сезона."
По завршување на квалификациите, при вообичаената контрола на болидите од страна на ФИА беше утврдено прекршување на член 5.2.3 од техничките прописи.
Кај болидот на Естебан Окон растојанието помеѓу двете ленти на задното крило било над дозволените 0.5 сантиметри.
Откако стјуардите го разгледаа прекршувањето на техничките прописи, французинот беше дисквалификуван од квалификациските резултати, но му беше дозволено да ја стартува трката
ФИА ја потврди замената на безбедносните ќелии на болидите на Оскар Пјастри и Франко Колапинто по нивните судири во квалификациите.
Последиците од судирот со бариерите во двата случаи беа толку сериозни што Мекларен и Алпин мораа да го состават нивните болиди на нова шасија.
И двата болиди веќе поминаа технички преглед и добија дозвола за трка.
Пјастри и Колапинто ќе ги задржат своите позиции, бидејќи новите делови се со иста спецификација како и оштетените.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ГН АЗЕРБЕЈЏАН
9/21/2025 10:38:00 AM
0
Share to other apps