Отпуштањето на Кристијан Хорнер од Ред Бул беше повеќестепен процес кој конечно e завршен.
Адвокатите се согласија за сите детали, вклучувајќи ја висината на неговата отпремнина и времетраењето на неговото задолжително отсуство.
Страните потпишаа договор за спогодба, а беше објавено и официјално соопштение.
Оливер Минцлаф, извршен директор за корпоративни проекти во Ред Бул: "Сакаме да му се заблагодариме на Кристијан за неговиот исклучителен придонес во последните 20 години."
"Со својата неуморна посветеност, искуство, знаење и иновативно размислување, тој одигра одлучувачка улога во трансформирањето на Ред Бул во еден од најуспешните и најатрактивните тимови во Формула 1."
"Ти благодарам за сè, Кристијан, засекогаш ќе останеш важен дел од историјата на нашиот тим."
Кристијан Хорнер: "Беше чест и привилегија да го водам тимот на Ред Бул. Кога почнавме во 2005 година, никој од нас не можеше ни да замисли какво патување нè чекаше. Неверојатно сум горд на она што го постигнавме како тим, соборувајќи рекорди и достигнувајќи височини за кои никој не веруваше дека се можни. Секогаш ќе го паметам тоа."
"Но, најважно за мене, собрав и водев неверојатна група талентирани и мотивирани луѓе, бев сведок како напредуваат како подружница на компанија за енергетски пијалоци и ги гледав како се натпреваруваат и ги надминуваат некои од најголемите автомобилски брендови во светот."
"Им посакувам на Лоран, Макс, Јуки и на сите во Технолошката Групација Ред Бул се најдобро. Уверен сум дека тие, како и секогаш, ќе постигнат успех на патеката за нашите фанови и ќе продолжат да даваат сè од себе. Со нетрпение очекувам да го видам првиот мотор на Ред Бул/Форд во РБ22, како и во импресивниот RB17."
"Би сакал да им се заблагодарам на нашите прекрасни спонзори и партнери за нивната континуирана поддршка, тие одиграа клучна улога во нашиот успех. Би сакал да ја изразам мојата најдлабока благодарност до фановите за нивната континуирана доверба, без нив, Формула 1 немаше да постои."
"Би сакал да им се заблагодарам на акционерите, на покојниот Дитрих Матешиц за можноста што ми ја даде на 31 година, на Марк Матешиц и Саравут Јувидја, како и на Чалерм и Дарани Јувидја за нивното пријателство и посветеност за време на мојот престој во Ред Бул, како и на Оливер Минцлаф и Управниот одбор за нивната поддршка."
На 9 јули, Хорнер беше суспендиран од раководството на тимот, на 13 август неговиот договор со Ред Бул беше раскинат, а вчера на 22 септември беа објавени разделбата и постигнатите договори.
Точниот износ на исплатата е непознат, но би можел да биде помеѓу 50 и 80 милиони фунти, што ја прави една од најголемите исплати во спортската историја.
Точниот износ ќе биде откриен во официјалните финансиски документи, кои ќе бидат објавени на крајот од месецот.
Кристијан Хорнер нема да може да започне никаква друга работа во Формула 1 пред 9 април 2026 година.
ХОРНЕР И РЕД БУЛ СЕ РАЗДЕЛИЈА ЗАСЕКОГАШ
9/23/2025 09:15:00 PM
0
Share to other apps