Ландо Норис го победи Ферари на втората тренинг сесија за Големата Награда на Италија.
Британецот беше за 0.083 делови од секундата побрз од Чарлс Леклер на второто и изненадувачки Карлос Саинц Јр. на трето место со заостанување од 96 стотинки.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ, 12:30 MK, И КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По првата тренинг сесија во која доминираа возачите на Ферари, на огромно задоволство на тифозите, на ред беше вториот петочен тренинг, кој се одржа на сува патека и температура на асфалтот од 41 степен.
Во овој случај, многу возачи излегоа на патеката веднаш штом се вклучија зелените светла на семафорот. Белите, а пред се жолтите гуми беа во центарот на вниманието.
Џорџ Расел го забележа првото време на оваа сесија од 1:21.735.
Ландо Норис намали на 1:21.391, а Макс Ферстапен на 1:21.277.
Возачите на Ферари беа малку побавни на стартот од сесијата. Оскар Пјастри го подобри времето на 1:21.212.
По помалку од десет минути, беа развеани црвените знамиња. Кими Антонели излета од патеката на почетокот на Лезмо 2, по што заглави во чакалот.
На рестартот, многу возачи го забрзаа темпото и ги подобрија своите времиња.
Чарлс Леклер беше првиот возач што падна под 1:21 и тоа го стори со бели гуми.
Кратко потоа, Ферстапен го презеде водството, но со помош на жолтите гуми.
Карлос Саинц Јр., во својот десетти круг со жолти гуми, постави одлично време од 1:20.583 за да се искачи на првото место.
Тоа му овозможи да го заврши почетниот дел од сесијата на врвот, пред Ферстапен, Албон, Леклер и Норис.
Втората третина беше резервирана за црвените гуми и квалификациски симулации.
Ландо Норис мораше да го откаже својот прв брз круг поради грешка, но во вториот забележа време од 1:19.878 за првото место.
Карлос Саинц Јр., во својот прв обид со најмеките гуми, заврши речиси четири десетинки зад Норис.
По комплетирањето на повеќе брзи круга, никој не можеше да го победи Ландо Норис, а зад него следуваа Чарлс Леклер, Карлос Саинц Јр., Оскар Пјастри, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.
Топ 10 поредокот го Првите 10 ги комплетираа Албон, Хулкенберг, Цунода и Расел.
Откако беа завршени квалификациските симулации, тимовите ја фокусираа својата работа на тркачкото темпо за неделната трка, па така редоследот на табелата остана непроменет до крајот на сесијата.
ЛАНДО НОРИС И МЕКЛАРЕН СЕ ВРАЌААТ НА ВРВОТ
9/05/2025 03:32:00 PM
0
Share to other apps