Овој викенд во Остин, Вилијамс ќе се трка со историските сино-бели бои од 2002 година за да го прослават партнерството со главниот спонзор Атласијан.
Новиот дизајн е визуелен приказ за тоа како и Вилијамс и Атласијан преживеаа и напредуваа во услови на немилосрдни промени од 2002 година, преку искористување на моќта на тимската работа, и одлучноста да се врати тимот на врвот, со тоа што заедно ќе напредуваат.
Вилијамс ја има својата најдобра сезона од 2016 година, моментално се наоѓа на петтото место во Шампионатот на конструктори, додека тимот продолжува со својот план за враќање кон врвот.
Дресот за овој викенд, кој беше презентиран на специјален настан во ранчот "Lone Star" во Остин, беше инспириран од впечатливата сино-бела шема на бои на FW24, кој се бореше со доминантниот Ферари, но на крајот заврши на 2-ро место во трката за титулата во 2002 година.
Во рацете на Хуан Пабло Монтоја, тој го постави она што тогаш беше најбрзиот круг на која било патека во историјата на Ф1, освојувајќи ја пол позицијата во Монца за Големата Награда на Италија со просечна брзина од 259.827 км/ч.
Тоа беше исто така единствениот болид, освен Ферари, што победи на трка во 2002 година, управуван до победа од Ралф Шумахер на Големата Награда на Малезија.
ВИЛИЈАМС СЕ ВРАТИ НА БОИТЕ ОД 2002 ГОДИНА
10/16/2025 10:48:00 PM
0
Share to other apps