ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 23:30 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Според постигнатите резултати, ова изгледа дека беше не многу репрезентативна сесија во однос на времињата, со оглед на тоа што Оскар Пјастри беше поразен од Нико Хулкенберг, а првите шест беа окупирани од Фернандо Алонсо, П4, и Алекс Албон, П6.
Мекларен дефинитивно имаа добар старт и се чинеше дека имаат поголема контрола од Ред Бул, кој изгледа премногу агресивно го спуштија подот и ќе треба да бараат посигурни поставки на својот болид до крајот на викендот.
Работите се полоши за Ферари, кои овој пат дури и немаат добар петок. Црвените се одлучија за жолтите гуми за нивниот квалификациски круг, несреќен избор бидејќи Луис Хамилтон беше само осми.
Чарлс Леклер, од друга страна, немаше ни шанса да постави брзо време, поради проблеми со менувачот, принудувајќи го Моначанецот да ја заврши сесијата пред истекот на 60-те минути.
Карлос Саинц Јр., исто така, имаше проблеми со менувачот, завршувајќи претпоследен на табелата, веднаш пред својот поранешен тимски колега.
Исак Хаџар, иако го имаше деветтото најбрзо време, повторно како и во Сингапур имаше проблеми со Хонда погонската единица.
Тешка сесија и за Мерцедес АМГ, кој, како и Ферари, не користеше црвени гуми. Џорџ Расел беше најдобар на жолтите гуми, додека Кими Антонели немаше шанса за чист круг и беше 18-ти.
Жолтите гуми е задолжително да се користат во првите два сегменти од спринт квалификациите, додека во третиот задолжителна е употребата на црвените гуми.
Формула 1 се враќа во акција вечерва во 23:30 часот, за кога се закажани спринт квалификациите, кои ќе го одредат стартниот редослед за спринтот, кој е закажан за утре во 19 часот.
Вистинските квалификации, исто така, се одржуваат утре и се закажани за 23 часот, додека неделната трка ќе стартува во 21 часот.
НАЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА ОСТИН