Макс Ферстапен на денешните спринт квалификации во Остин потврди дека е закана за Мекларен во борбата за титулата во шампионатот на возачи.
Актуелниот Ф1 шампион ќе стартува од првата позиција на Спринтот за Големата награда на Соединетите Американски Држави и утре има уште една можност дополнително да ја намали разликата со возачите на Мекларен, иако минимално.
Пред двата Мекларена во Монца, Баку, Сингапур, а исто така и во спринт квалификациите во Остин. Јасно е дека има промена во Формула 1, а заканата од Ферстапен треба да се сфати посериозно од кога било во Вокинг.
Нивното водство е сè уште многу големо, но Макс, повторно јасно стави до знаење дека и најмалата грешка на возачите на Мекларен може да ја претвори во своја предност.
Холанѓанецот тесно го победи Ландо Норис, само 71 илјадити дел од секундата, за да стартува пред сите 19 болиди на утрешниот грид.
Дали ќе ја помине целта пред сите нив е друго прашање.
Андреа Стела, тимскиот шеф на Мекларен, вели дека лесно ќе стигнат до победата на спринтот, искористувајќи ја нивната тајна на перфектно менаџирање на пневматиците.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД СПРИНТОТ, 19:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Значи, Норис беше само 71 илјадитинки зад Ферстапен, додека Оскар Пјастри беше блиску до бариерата од четири десетинки. Сепак, тие се втори и трети, па затоа ќе бидат во блиска борба.
Нико Хулкенберг, пак, ги изненади сите со импресивната четврта позиција. Фернандо Алонсо беше исто така едно од изненадувањата на денот.
Шпанецот ја освои шестата позиција во спринт квалификациите, со 22 илјадити делови од секундата зад Џорџ Расел, но една илјадитинка, пред возачите на Вилијамс и Ферари.
По само една тренинг сесија во која доминираше Ландо Норис, спринт квалификациите започнаа на абразивниот асфалт загреан до температура од 44 степени.
Намерно е потенцирано абразивниот асфалт, бидејќи тој ќе им ја донесе победата на некој од Мекларените, најверојатно на спринтот, а дефинитивно на неделната трка.
Исак Хаџар ја отвори SQ1 сесијата, по него следеше Јуки Цунода и долг список на возачи. Битката, задолжително, се одвиваше на жолтите гуми на Пирели.
Првото време беше 1:34.856 за Французинот од Рејсинг Булс. Очигледно, тоа време немаше долго да остане на врвот.
Карлос Саинц Јр., по проблемите на тренинг сесијата, го комплетираше својот прв брз круг со време од 1:34.637, а Фернандо Алонсо заврши точно една десетинка зад сонародникот.
Кога се појавија фаворитите, времињата се намалија уште повеќе. Макс Ферстапен беше најбрз на почетокот со 1:34.140, победувајќи го Луис Хамилтон за 0.086 илјадити делови од секундата и Мекларените за повеќе од една десетинка.
Во завршните фази од сесијата, многу возачи ги подобрија своите времиња, вклучувајќи го и Ландо Норис, кој забележа време од 1:33.224 и беше најбрз, а по него следеа Ферстапен и Пјастри.
Во долниот дел на табелата, многу возачи, вклучувајќи го и Јуки Цунода, не можеа да направат втор брз круг, бидејќи не стигнаа на време до стартната линија поради гужва на патеката.
Елиминирани беа Оливер Берман, Франко Колапинто, Јуки Цунода, Естебан Окон и Габриел Бортолето.
Првата сесија беше малку хаотична на крајот, но останаа уште две. На почетокот на SQ2 сесијата, асфалтот остана на температура од 44 степени.
Во овој случај, Ферстапен и возачите на Астон Мартин одлучија да се позиционираат на чело на редицата во пит-линијата, но и останатите брзо излегоа. Повторно, сите беа на жолти гуми.
Макс стартуваше со време од 1:33.163, но Ландо Норис успеа да забележи 1:33.033, време со кое му ја одзеде првата позиција.
Зад нив, драматични моменти за возачите на Ферари. Леклер и Хамилтон беа во зоната за отпаѓање, но во последните секунди комплетираа кругови со кои низ иглени уши се протнаа во најбрзите десет возачи!
Осмото место му припадна на Леклер, со минимална разлика пред Алонсо и Хамилтон. Како последица на тоа елиминиран беше Кими Антонели, кој отпадна заедно со Исак Хаџар, Пјер Гасли, Ленс Строл и Лиам Лосон.
SQ3 сесијата започна на "најгумиран асфалт" со температура од 42 степени. Битката се префли на најмеката и најбрза смеша на Пирели, иако десетте возачи не се брзаа да излезат на патеката.
Имаше време за само еден обид, на се или ништо. Први што ги комплетираа своите брзи круга беа Џорџ Расел и возачите на Вилијамс.
Возачот на Мерцедес АМГ го заврши кругот за 1:32.888, а Карлос Саинц Јр. заврши само 23 илјадити делови од секундата зад него и речиси две десетинки од секундата пред својот тимски колега. Нивната судбина веќе беше решена.
Макс Ферстапен беше последниот возач кој излезе на патеката и го победи Ландо Норис за 71 илјадитинки за да ја обезбеди првата позиција, додека Оскар Пјастри заостана прилично многу, речиси четири десетинки, но ќе стартува од П3.
Нико Хулкенберг, пак, извозе спектакуларен круг кој на крајот му обезбеди старт веднаш до Австралијанецот на четвртата позиција.
Фернандо Алонсо, со уште еден одличен круг, се искачи на П6, позициониран помеѓу Расел и Саинц Јр.. Хамилтон, Албон и Леклер го комплетираа поредокот на најбрзите десет возачи.
МАКС ЌЕ СТАРТУВА ОД ПРВАТА ПОЗИЦИЈА НА СПРИНТОТ ВО ОСТИН
10/17/2025 09:51:00 PM
0
Share to other apps