Со оглед на тоа што остануваат уште шест трки, очекуваме возбудлив крај на сезоната со непредвидлив исход.
Двајца возачи имаат реални шанси да ја освојат титулата, а моментумот е таков што Макс Ферстапен со подобрениот болид на Ред Бул, ја намалува разликата со Мекларен.
Предноста на Оскар Пјастри во однос на неговите ривали во моментов изгледа убедлива, Австралијанецот води пред својот колега Ландо Норис со 22 поени, со Ферстапен разликата е 55.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 21:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Но, последната победа на Оскар беше во Зандворт, а во трите трки оттогаш, тој освои само 27 поени во споредба со 39-те на Норис и 76-те на Макс.
Секој дефект или карамбол, како на вчерашниот спринт, би можел радикално да ја промени неговата позиција. Австралијанецот треба да остане на патеката и да заврши без разлика на сè.
Ландо Норис и Макс Ферстапен, едноставно, нема што да изгубат кога губат со таква разлика, додека Оскар би можел да изгуби сè.
Од оваа трка и пред се од неговите "нерви" ќе зависи дали ќе стигне до титулата, а ова може да биде неговата единствена шанса.
Откако се појави на календарот под водство на Берни Еклстоун, трката во Остин ќе се одржи по 13-ти пат оваа година. Но, сега Либерти медиа донесе уште две трки во Мајами и Вегас, а Остин, Тексас, иако популарен кај навивачите, сега има конкуренвија.
Сепак, цените на билетите во Остин се значително пониски отколку на другите две американски трки. Формула 1 стекна бројна публика во Тексас, а многумина уживаат во атмосферата околу патеката.
Непосредно пред почетокот на денешната трка, Формула 1 објави продолжување на договорот за домаќинство на Големата награда на САД.
Страните потпишаа нов договор, кој ќе обезбеди трката на патеката COTA во Остин да остане во календарот на Формула 1 до 2034 година.
Патеката на Америка (Circuit of the Americas-COTA) е првиот објект во САД наменски изграден за Формула 1 трки.
Херман Тилке дизајнираше ултра-модерен комплекс кој ги има обележјата на Тексас, но и копии на најпознатите свиоци од останатите Ф1 патеки.
Главни нејзини карактеристики се природните промени во елевацијата, вклучувајќи ја 40 метарската нагорнина кон првиот свиок (BIG RED) кој е главното обележје на патеката.
Потегот од третиот до деветиот свиок претставува низа од брзи свиоци кои потсетуваат на Maggots-Becketts-Chapel од Силверстоун или Esses во Сузука.
Втората половина од техничкиот дел na кругот, завршува со низа на бавни свиоци кои потсетуваат на Хокенхајм.
Големата Награда на Соединетите Држави е еден од најпосетените настани во Ф1 календарот со што Остин, полека станува нов дом за Формула 1 во САД.
Главна знаменитост во комплексот на оваа патека е 25-катната Кула за набљудување.
Во 2017 година беше одлучено квалификациите да се одложат за два часа поради концерт, но оттогаш тоа стана традиција, па така ова е еден од ретките настани кога квалификациите и трката започнуваат во разлика од два-три часа.
Една од очигледните слаби точки на патеката на Америка е нерамниот и абразивен асфалт. Карактеристиките на тлото се такви што е невозможно да се обезбеди нејзината долгорочна стабилност.
На некои места може да се издигне или да пропадне, што предизвикува појава на брановидни нерамнини на асфалтот.
Организаторите ја реасфалтираа патеката, зајакнувајќи некои области со бетонска основа, но признаа дека е невозможно целосно да се реши овој проблем.
Во Остин имаме невообичаено жешко време кое има големо влијание врз деградацијата на гумите на Пирели, особено на најбрзите црвени гуми кои се прегреваа, не обезбедувајќи го потребниот грип.
Со оглед на тоа што од Пирели донесоа еден чекор потврда смеша за белите гуми, тие сега стануваат валидна стратешка опција за денешната трка, со оглед на тоа што разликата во перформансите во однос на жолтите гуми е помала од очекуваната.
Гледајќи ги сите достапни смеши, можни се голем број различни стратегии без значајни недостатоци, т.е. сите се блиски во однос на вкупното време на трката.
Започнување на првиот стинт на жолтите гуми и нивно успешно менаџирање до прозорец за застанување во бокс помеѓу 20-тиот и 26-тиот круг овозможува едно застанување, ако потоа се премине на белите гуми, C1.
Но, две застанувања се подеднакво ефикасни со употреба на црвените и жолтите гуми. Старт на црвени гуми, а потоа префрлање на C3 помеѓу 12-тиот и 18-тиот круг.
Тимовите потоа можат да одлучат дали повторно да ги користат жолтите гуми за последниот стинт, или да го продолжат средниот стинт и да ја користат дополнителната брзина на црвените гуми во последните кругови.
Едно застанување во бокс со употреба само на жолти и црвени гуми би барало исклучително прецизно управување со деградацијата на гумите и може да ризикува компромитирање на перформансите, до степен до кој не веруваме дека би била реална опција. Ако некој има шанси за овој подвиг, тоа е тимот на Мекларен.
Возачите ќе мора да обрнат големо внимание на два надворешни фактори што ги отежнуваат условите за возење, а тоа се налетите на ветер и нерамниот асфалт.
Првиот фактор го зголемува ризикот од блокирање на тркалата при сопирање и затоа потенцијално може да го намали работниот прозорец на гумите.
Нерамниот асфалт наместо тоа може да предизвика микро-лизгање, што ја зголемува температурата на гумите и со тоа се зголемува термичката деградација.
Во петокот и саботата беше топло и суво во Остин, а истото важи и за денес.
Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 14:00 часот по локално време, до кога воздухот ќе се загрее до 28 степени со сончево време и слаб североисточен ветер.
Стјуардите на трката на Соединетите Американски Држави го разгледаа судирот помеѓу Ленс Строл и Естебан Окон во првиот свиок за време на спринтот во саботата.
Откако ги прегледаа снимките од инцидентот и ги сослушаа сведочењата на возачите, тие заклучија дека возачот на Астон Мартин погрешно го проценил сопирањето, што довело до судирот со Окон.
Стјуардите веруваат дека Строл бил единствено виновен за инцидентот и му изрекоа казна. Канаѓанецот ќе изгуби пет позиции на гридот за денешната трка.
Тој исто така доби и два казнени поени на Ф1 лиценцата, со што неговиот вкупен број во последните 12 месеци достигна седум.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА АМЕРИКАНСКОТО ГРАН ПРИ
10/19/2025 07:53:00 PM
0
Share to other apps