Само единаесет официјални возачи беа на патеката, и апсолутен рекорден број на младинци. Девет тимови ги сменија возачите, со исклучок на Заубер.
Највозбудливата комбинација беше онаа на Алпин, со Франко Колапинто и Пол Арон во истиот болид, во иста сесија.
Многумина сакаа да ги споредат двајцата, кои се кандидати за второто место во тимот, но од денес, Аргентинецот е на добар пат кон обновување на договорот.
Ваквите ситуации ја будат најконкурентната страна на возачите, бидејќи потребата да се истакнат е присутна, иако станува збор само за тренинг сесија.
Во останатите случаи, каде што нема ништо во прашање, возачот во основа се посветува на исполнување на својата програма без ризик од инциденти и уживање во секогаш возбудливото искуство на возење болид од Формула 1.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ, 00:00 MK, ПОЛНОЌ, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Пато О`Вард, Лук Браунинг, Џек Крафорд, Ајуму Иваса и Фред Вести, се возачи кои не се сметаат за кандидати за своите тимови за 2026 година, а нивното присуство е првенствено за да се почитуваат прописите.
Арвид Линдблад, од друга страна го победи првиот возач на Рд Бул, Јуки Цунода и има голема веројатност дека ќе биде учесник во Формула 1 шампионатот за следната година.
Со отсуството на Макс Ферстапен и Ландо Норис од првиот тренинг, имавме многу кругови, многу километри, многу податоци, но не се брзаше со поставување брзи времиња.
Повеќето први тренинг сесии не се релевантни, но оваа беше уште понезначајна од останатите.
Редоследот на табелата беше одреден кога возачите преминаа на црвените гуми и ги забележаа најбрзите кругови кон половината од сесијата.
Чарлс Леклер забележа време од 1:18.380, една десетинка пред Кими Антонели, три пред Нико Хулкенберг и четири пред скромниот Оскар Пјастри.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА МЕКСИКО СИТИ











