Макс Ферстапен го започна тркачкиот викенд за Големата Награда на Мексико Сити како најбрзиот возач на втората тренинг сесија на патеката Браќа Родригез.
Возачите на Мекларен не беа заинтересирани за поставување брзи времиња, но нивното тркачко темпо беше импресивно.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ, 19:30 MK, И КВАЛИФИКАЦИИ, 23:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По првата тренинг сесија преполна со млади возачи и предводена од Чарлс Леклер, на ред беше вториот тренинг, за кој имавме асфалт со поголема еволуција и температура од 44 степени.
На почетокот од сесијата, многу возачи немаа време за губење, бидејќи ова беше нивното прво возење за викендот.
Првото време беше забележано од Џорџ Расел со време од 1:20.253. Повеќето возачи беа на жолтите гуми. Возачите на Мекларен започнаа со просечно време од 1:19, додека Чарлс Леклер беше најбрз со 1:18.669.
Макс Ферстапен, во меѓувреме, ја започна својата акција за Големата награда на Мексико Сити со време од 1:19.567.
Во нивниот втор круг од викендот, Ландо Норис забележа време од 1:18.681, а Макс Ферстапен од 1:19.044.
Во меѓувреме, механичарите на Мерцедес АМГ работеа на болидот на Кими Антонели поради некои проблеми што ги имаше уште на стартот.
Првите четворица, Леклер, Норис, Хамилтон и Пјастри, беа разделени во разлика од 0.085 илјадити делови од секундата.
Подоцна, Леклер го намали своето време на 1:18.353 и ги остави останатите зад себе. Кратко потоа, Моначанецот имаше два виолетови сектори, подобрувајќи се за повеќе од една десетинка, но не можеше да ја заврши работата во третиот.
Првата третина од сесијата заврши со Леклер на врвот, проследен од Норис, Хамилтон и Ферстапен, три десетинки зад него, и Пјастри, четири.
Во втората третина започнаа квалификациските симулации на црвениет гуми. Прв на патеката беше Алекс Албон, кој започна со пристојно време од Алекс Албон, првите два сектори беа во виолетова боја, но третиот сектор беше проблем. Тајланѓанецот ги допре заштитните бариери на излезот од 16-от свиок.
Неколку минути подоцна, Чарлс Леклер постигна одлично време од 1:17.545, но Макс Ферстапен го подобри на 1:17.392 и му го одзеде водството на Монaчанецот.
Кими Антонели изненади со третото најбрзо време од 1:17.567.
Возачите на Мекларен не беа премногу остри во своите брзи круга, па Норис падна на четвртото место, пред Хамилтон и Расел., додека Пјастри го имаше само 12-тото најбрзо време.
Јуки Цунода го обезбеди седмото место, веднаш пред Фернандо Алонсо и Карлос Саинц Јр., кои завршија осми и деветти соодветно, и Ленс Строл, десетти.
По квалификациските симулации во кои доминираше Ферстапен на крајот, тимовите се фокусираа на тркачко темпо, па така редоследот на табелата остана непроменет до крајот на сесијата.
МАКС НАЈБРЗ ВО ЕДЕН КРУГ, МЕКЛАРЕНИТЕ ВО ТРКАЧКО ТЕМПО
10/24/2025 09:00:00 PM
0
Share to other apps




