Макс Ферстапен беше најбрзиот возач на саботниот тренинг за Големата Награда на Сингапур.
Сесија која не е особено репрезентативна на патекарта Марина Беј, но сесија која служи за градење самодоверба за она вистинското што следи.
Холанѓанецот со многу мала разлика ги победи возачите на Мекларен и Мерцедес АМГ, и се истакнува како кандидат за пол позиција на единствената патека каде што сè уште не победил.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 15:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Последната тренинг сесија во Сингапур покажа неверојатна близина на врвот и може да најави адреналински викенд на патеката Марина Беј. Импресивна разлики.
Ферстапен, Пјастри, Расел, Антонели и Норис, кои беа најбрзите возачи на денешниот тренинг се распоредени во само 0.089 делови од секундата. Антонели и Норис дури поставија и исто време.
Што се однесува до спектаклот, тешко би било да се побара нешто подобро. Исто така, вреди да се споменат Саинц Јр. и Хаџар, кои со Вилијамс и Рејсинг Булс беа најбрзи од останатите и веројатно ќе бидат аутсајдери ова попладне, на патека каде што квалификациите можат да вредат половина победа.
Во овој контекст, Ферари повторно не беше на висина на задачата. Луис Хамилтон заврши осми, четири десетинки зад најбрзото време, но е под истрага за прекршување на правилата под црвено знаме.
Чарлс Леклер, од друга страна, го имаше десеттото најбрзо време, дури и зад Нико Хулкенберг, заостанувајќи цела половина секунда зад Ферстапен.
МАКС ВОДИ ПРЕД ПЈАСТРИ, ПЕТ ВОЗАЧИ ПОД ЕДНА ДЕСЕТИНКА
10/04/2025 12:07:00 AM
0
Share to other apps



