Чарлс Леклер имаше силен старт на Големата Награда на Лас Вегас, забележувајќи го најбрзото време на првата тренинг сесија во која сите се мачеа да го пронајдат вистинскиот грип на асфалтот на улиците во Лас Вегас.
Зад него, изненадувачки, беа Алекс Албон и Јуки Цунода, а Макс Ферстапен беше на четвртото место, нешто повеќе од три десетинки зад најбрзото време.
Првиот тренинг започна во 16:30 часот по локално време, што ја прави оваа прва сесија незгодна за утврдување на вистинските поставки на болидите, бидејќи не се одвива во исто време со квалификациите и трката.
Втората тренинг сесија требаше да биде многу порепрезентативна, но како што е типично на уличните патеки, секаков вид на возење е повеќе од добредојден за да се започне со наоѓање на лимитите на болидот.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ, 01:30 MK, И КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЛАС ВЕГАС, 05:00 МК ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Возачи како Оскар Пјастри и Макс Ферстапен имаа повнимателен пристап кон излегувањето на патеката, а сите оние што го направија тоа ги избраа жолтите, освен Алонсо, кој стартуваше со црвените гуми.
Во првите 20 минути имаше многу промени на патеката, полни со зелени и виолетови сектори, заедно со неколку многу кратки жолти знамиња. Возачите не се двоумеа да ги искористат зоните за излетување.
На половина од сесијата, најбрзото време беше 1:35.776, поставено од Ферстапен. Четири различни болиди ги зазедоа првите четири позиции, тие на Џорџ Расел, Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр.
Во втората половина, повеќе возачи му се придружија на Алонсо на црвените гуми. Некои се мачеа да се подобрат, а на Луис Хамилтон го подобри најбрзото време на 1:35.561, сè уште со многу простор за подобрување.
Леклер го демонстрираше ова во следниот круг, бидејќи беше речиси три десетинки од секундата побрз. Некои притискаа посилно од другите.
Ферари, Ред Бул и Мерцедес АМГ беа при врвот, каде недостасуваа двајцата возачи на Мекларен. Ландо Норис често излегуваше надвор од патеката и имаше тешкотии да постави добро време.
Болидите на Вилијамс се појавија во сличен момент како Мекларените, при што Алекса Албон го забележа второто најбрзо време, а Саинц Јр. беше петти, а помеѓу нив беа возачите на Ред Бул, Јуки Цунода пред Макс Ферстапен. Разликата помеѓу Топ 5 пласманот беше само три десетинки од секундата.
Пјастри и Норис беа веднаш зад нив, пред возачите на Мерцедес АМГ, тим кој, исто така немаше особено добар старт во Лас Вегас.
Тоа беше отприлика тоа, за загревачкиот тренинг во градот на коцката.
Леклер го имаше најбрзото време, една десетинка пред Албон и две десетинки пред Јуки Цунода, кој заврши трет и го престигна Ферстапен.
Доста изненадувачки, иако зборуваме само за тренинг сесија. Вакви работи ретко се случуваат. Макс беше четврти, а Саинц Јр. петти, пред двата возачи на Мекларен, Норис шести, а Пјастри осми, разделени од болидот на Исак Хаџар.
Возачите на Мерцедес АМГ го комплетираа топ 10 поредокот.
Ландо Норис беше најбрз на вториот тренинг, сесија која повторно беше нарушена од фамозните шахти на Лас Вегас. Британецот го предводеше поредокот во сесија од која можат да се извлечат малку заклучоци.
По првата тренинг сесија предводена од Чарлс Леклер, втората започна во деликатни услови, бидејќи во претходните минути врнеше слаб дожд и патеката беше лизгава со температура од 17 степени.
Поминаа повеќе од пет минути без никаква активност. Пјер Гасли беше првиот што излезе на патеката, по него Џорџ Расел, Франко Колапинто и долг список на возачи.
Речиси сите беа на жолтите гуми на Пирели за суво време, а првото забележано време беше скромно, 1:50.119 од Пјер Гасли.
Сепак, времињата брзо паднаа под 1:40, а Џорџ Расел, на пример, забележа време од 1:36.145 во својот прв вистински круг, Макс Ферстапен, кратко потоа, го подобри на 1:36.029.
Брзо се појавија времиња од 1:35, па дури и 1:34. Џорџ Расел се врати на првото место со 1:35.066, но возачите на Мекларен беа првите што забележаа времиња од 1:34.740, за Оскар Пјастри, и 1:34.713, за Ландо Норис.
Патеката значително се подобруваше со текот на времето, и конечно Чарлс Леклер беше најбрз во дуелот на жолтите гуми со време од 1:33.763. Зад него, следеа Ландо Норис со заостанување од една десетинка, Џорџ Расел со две десетинки и Макс Ферстапен со три десетинки заостанување.
Треба да се напомене дека Норис имаше добро време во последниот обид со жолтите гуми, но ги блокираше тркалата при сопирање во 14-от свиок.
Вториот дел сесија, кога возачите се префрлија на црвените гуми, започна со блокирање на тркалата на болидот на Чарлс Леклер и одлично време од 1:33.602 од Ландо Норис.
И потоa, на сцена стапија дождот и канализација! Паднаа неколку капки на нешто повеќе од 20 минути до крајот на сесијата, а маршалите пријави разлабавени шахти, па тркачкиот директор одлучи да ја стопира сесијата.
Токму кога се чинеше дека сесијата ќе заврши под црвено знаме, на шест минути до крајот им беше дозволено на возачите да излезат на патеката.
Сепак, кратко потоа, црвените знамиња беа повторно развеани, и тоа беше крајот на вториот тренинг. Проблемот со шахтите не беше целосно решен!
Во тие моменти, Чарлс Леклер имаше дефект на менувачот веднаш по напуштањето на неговата гаража и мораше да го паркира болидот.
Ландо Норис на крајот беше најбрз, со Антонели 29 илјадити делови од секундата зад него, а Леклер една десетинка од секундата зад него.
Црвените знамиња нè лишија од голем дел од акцијата, а Нико Хулкенберг заврши четврти, а по него следеа возачите на Рејсинг Булс и Џорџ Расел.
Алекс Албон беше осми, пред Макс Ферстапен и Луис Хамилтон кои го комплетираа топ 10 поредокот.
Тешко е да се разбере што се случува во Лас Вегас. Велат дека се што се случува во Вегас, останува во Вегас…
Формула 1 треба да размисли да спречи нешто да се случи таму. Одржани три трки и два безбедносни проблеми.
Не се знае дали проблем беа само шахтите!
Коментаторите на DAZN, изјавија дека извор од ФИА им кажал дека некои од ознаките на патеката не биле одобрени од Федерацијата и дека биле подготвени да ја стопираат акцијата ако заврне.
Всушност, тоа беше првата помисла за развејување на црвените знамиња, бидејќи почна да врне и дожд. Но, фамозните Лас Вегас шахти, повторно, беа во фокусот...
ЛЕКЛЕР И НОРИС НАЈБРЗИ, ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ТРКАТА ВО ВЕГАС ПОВТОРНО ПАДНАА НА ИСПИТОТ
11/20/2025 11:44:00 PM
0
Tags
Share to other apps






