Ландо Норис лесно ја обезбеди Пол позицијата за Големата награда на Сао Пауло и утре ќе стартува од првиот стартен ред, и исто како на спринтот друштво ќе му прави Кими Антонели.
Ова е сериозен удар за неговите ривали за Титулата, бидејќи Оскар Пјастри се квалификуваше како четврти, а Макс Ферстапен беше елиминиран во Q1!
Времињата не беа толку конкурентни како вчерашните. Во таа ситуација, Макс Ферстапен во ''невозможниот" RB21 беше во опасност за испаѓање во секое време и на крајот заврши шеснаесетти, со што беше елиминиран во Q1 за прв пат од Големата Награда на Русија во 2021 година.
Освен изненадувачкиот Оливер Берман, единствениот возач кој изгледаше постојано во форма беше Ландо Норис. Британецот беше најбрз во Q1, Q2 и Q3.
Покрај тоа, тој го стори тоа под незгодни околности, бидејќи неговиот прв обид во последниот сегмент беше катастрофален поради грешка во првиот свиок.
Но, како и во Мексико, тој ја одигра својата најдобра карта на крајот и ја обезбеди својата петнаесетта пол позиција во Формула 1.
Кими Антонели покажа импресивна брзина и го обезбеди второто место, пред изненадувачкиот пласман на Чарлс Леклер и Оскар Пјастри, кој продолжува да се мачи да ја пронајде својата најдобра форма.
Доколку не се појави ни утре, Ландо би можел да направи уште еден голем чекор кон шампионската Титула.
Најдобар од останатите беше Исак Хаџар, кој го имаше 5-тото најбрзо време, дури и пред Џорџ Расел, кој се префрли на жолтите гуми на крајот од Q3 сесијата, но тоа не донесе резултат.
Лиам Лосон го победи Оли Берман за седмото место. Пјер Гасли и Нико Хулкенберг ги комплетираа најбрзите десет возачи на денешните квалификации.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САО ПАУЛО, 18:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
МАКС ФЕРСТАПЕН ЕЛИМИНИРАН ВО Q1 СЕСИЈАТА
11/08/2025 06:46:00 PM
0
Share to other apps




