Формула 1 ја продолжува својата тура низ трите пустини, што ја завршува сезоната.
Од Лас Вегас во пустината Мохаве, големиот циркус тргна со осум товарни авиони Боинг 777 што носеа 1.400 тони товар на едно од најдолгите патувања во сезоната, 13.000 километри, низ 11 временски зони, за да слетаат 24 часа подоцна на источниот Арапски Полуостров.
Долгиот лет од Вегас до Доха беше ретка можност за персоналот да се наспие пред претпоследниот тркачки викенд за 2025 сезоната, која беше доста напорна, а зимската пауза што започнува за неколку недели ќе биде една од најкратките во историјата на Формула 1.
Сепак, пред тоа, мора да го дознаеме шампионот за 2025 година. Изненадувачки е што таа се уште не е решена, и по три месеци, од времето кога Макс Ферстапен заостануваше зад Оскар Пјастри за повеќе од сто поени во генералниот пласман на возачите.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 17:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Тогаш се чинеше дека шампионот е извесен, но сега, кога остануваат уште две трки, Пјастри има 374, Ферстапен 371 поени, додека лидерот, Ландо Норис, има 396.
Дисквалификацијата на возачите на Мекларен на Големата Награда на Лас Вегас имаше сериозно влијание врз борбата за титулата. Многумина шпекулираа дека Мекларен едноставно не бил подготвен да се натпреварува под силен притисок.
Но, досегашниот тек од викендот покажува дека тоа било само една лоша епизода и Норис има голема шанса да ја обезбеди Титулата на денешната трка.
Но победата нема да биде лесна, и сега е време Ландо да покаже дека е шампионски материјал. Тој од гонител, се претвори во гоненик, кога психолошката стабилност е најважна.
Да се надеваме на две многу интересни трки! Трката во Катар сè уште има многу кратка историја во Формула 1, времето не е премногу жешко, но прогнозата повторно го најавува секогаш присутниот, овој пат североисточен ветер, кој може да донесе доста главоболки за возачите.
Во текот на денот, патеката изградена среде пустинскиот песок изгледа досадно, а по зајдисонце, со помош на модерни визуелни ефекти, се претвора во импресивна сценографија.
Летото 2021 година, раководството на Формула 1 ги завршуваше преговорите со Катар за десетгодишен договор, со трки на друга патека, која ќе биде наменски изградена, но промоторите од Катар понудиле да се одржи трка на патеката Лусаил, доколку дојде до откажување на одредени настани.
Па така, Големата Награда на Катар дебитираше таа година. 2022 година имавме пауза поради светското првенство во фудбал, а од 2023 година продолжуваме со тркање на Лусаил интернационалната патека.
Во Катар го имаме последниот спринт викенд за оваа година.
Лусаил е релативно тесна патека првенствено наменета за трки со мотоцикли, на која доминираат брзи и медиум свиоци.
Формула 1 болидите кои имаат чувствителна аеродинамика значи дека престигнувањето ќе биде тешко изводливо, а како единствено погодно место за борба за позиција е километарскиот правец и сопирањето пред првиот свиок.
Стартно/целниот правец е надополнет со шеснаесет брзи свиоци кои наизменично преминуваат од еден во друг, при што гумите ќе работат интензивно и брзо ќе се трошат. Традиционално, тимовите ќе треба да го најдат вистинскиот компромис помеѓу потисната сила и брзината.
Оптималната стратегија за трката за Големата Награда на Катар, која се состои од 57 круга, требаше да биде со едно застанувања во бокс, но поради ограничувањето на Пирели дека еден сет не може да се користи повеќе од 25 круга, единствената можна стратегија е со две или повеќе застанувања за промена на гумите.
Марио Изола, Пирели мотоспорт: "Единствената дилема околу гумите за спринтот беше дали да се монтираат нов или користен сет на жолти пневматици, во зависност од резултатите од спринт квалификациите, бидејќи малкуте возачи кои не поминаа низ SQ1 можеа да користат нови гуми. Тројца возачи, исто така, направија пит-стоп за да ги испробаат црвените гуми, веројатно за да ја проценат нивната потенцијална употреба на неделната трка."
"Исто како што беше случајот минатата година, видовме одредена појава на грејнинг, што го забрза абењето на гумите, но без никаков губиток на перформансите. Овие случаи, забележани главно на предните леви гуми, се токму причината зошто е наметната границата од 25 круга на секој сет."
"Значително побрзите времиња во споредба не само со минатата година, туку и со најновите симулации доведоа до поголемо зголемување на оптоварувањата на гумите од очекуваното. Како мерка на претпазливост, веќе пропишавме зголемување на минималниот притисок од 1 psi на двете оски на крајот од петокот."
"Гледајќи кон трката, жолтите гуми што ги задржаа тимовите водат до заклучок дека повеќето би можеле да одат на два стинта со нив. Најбрзата стратегија е со последен стинт на црвените гуми, по застанување во боксот помеѓу круговите 44-50."
"Употребата на белите гуми на почетокот, или алтернативно помеѓу два стинта со жолтите, би овозможила застанувањата во боксот да бидат порамномерно распоредени во текот на трката, но ова е теоретски побавно од стратегијата што ги користи сите три достапни смеши."
"Жолти-бели-црвени, на хартија, е втората најбрза стратегија, со временски периоди за застанување во боксот што се идентични со најбрзата стратегија, помеѓу круговите 19-25 и 46-50, во согласност со наметнатите ограничувања."
"Доколку нема излегување на безбедносното возило, веруваме дека тимовите веројатно ќе ги максимизираат дозволените 25 круга за секој сет."
"Друга стратегија што ги користи сите три смеши би можела да биде бели-жолти-црвени, со краток последен стинт. Накратко, има многу опции на маса."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА КАТАРСКОТО ГРАН ПРИ
11/30/2025 01:32:00 PM
0
Share to other apps






