Макс Ферстапен повторно брилираше кога е најпотребно, обезбедувајќи ја Пол позицијата за Големата Награда на Абу Даби, последната трка од 2025 сезоната.
Летечкиот Холанѓанецот ги победи Ландо Норис и Оскар Пјастри за две десетинки од секундата.
Може да се каже дека оваа квалификациска сесија беше таква со која речиси сите можат да бидат задоволни.
Ферстапен ќе стартува прв и ќе може да ја контролира трката ако го задржи водството по првиот свиок, додека Норис, теоретски, треба да го има својот тимски колега како штит од заканите од Џорџ Расел и Чарлс Леклер.
Макс ја освои својата 48-ма Пол позиција во Формула 1 и ќе стартува веднаш пред двајца возачи со шанса за титулата. Секоја грешка или механички дефект би можел да игра одлучувачка улога во оваа трка.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 14:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Норис знаеше дека може да се задоволи со третото место, но во неговиот последен брз круг го победи Оскар Пјастри за 0.032 деови од секундата за првиот стартен ред.
Ова би можело да биде значаен резултат, не само затоа што обезбедува поголема заштита за Норис, туку и затоа што би можело да го охрабри Мекларен да започне со тимски наредби веднаш по првиот свиок.
На Пјастри ќе му се придружи Џорџ Расел на вториот ред, но заостанувањето на Мерцедес АМГ, две десетинки зад Мекларен, не е добра вест за Ред Бул, тоа би значело дека не може да конкурираат за повисок пласман.
Во третиот ред се Чарлс Леклер и Фернандо Алонсо, двајцата максимално искористувајќи го својот болид.
SF-25, мајсторски контролиран од Моначанецот со безброј корекции во свиоците, додека Луис Хамилтон го имапе своето третo последователнo испаѓање во Q1 сесијата.
Британецот ќе стартува од П16 и речиси сигурно ќе ја заврши сезоната без пласман на подиумот, надевајќи се дека ќе се врати во форма со новата генерација на болиди.
Освен Алонсо, вреди да се забележат и настапите во четвртиот ред на Габриел Бортолето и Естебан Окон, кој го победи Оливер Берман.
Јуки Цунода исто така успеа да се пласира во најбрзите 10 возачи, при тоа во првите брзи круга беше задолжен да му даде заветрина на својот тимски колега, но во вториот обид на нов сет црвени пневматици неговото време беше избришано поради надминување на границите на патеката.
Исак Хаџар, новиот тимски колега на Макс Ферстапен, стандарно го донесе болидот на Рејсинг Булс до П9.
МАКС НА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ВО АБУ ДАБИ
12/06/2025 01:11:00 PM
0
Share to other apps





