Макс Ферстапен забележа уште една победа на Големата Награда на Абу Даби во 2025 година, но тоа не беше доволно за да ја обезбеди својата петта шампионска титула.
Ландо Норис со трето место направи што мораше да направи и беше крунисан за шампион со само два поени разлика!
Во трка заснована на чиста брзина, без никакви игри во борбата за титулата, Макс ја забележа својата 71-ва победа во Формула 1, победувајќи го Оскар Пјастри, единствениот возач на Мекларен на кого му требаше победа на денешната трка.
Ландо Норис немаше конкуренција за третото место, титулата беше сигурна во текот на целата трка.
Чарлс Леклер, со болидот на Ферари, се обидуваше да се наметне во битката за подиумот, но немаше задоволително темпо, иако црвените болиди имаа добра трка и Моначанецот заслужено финиширање на четвртото место.
Џорџ Расел и Мерцедес АМГ ги немаше никаде на оваа трка, британецот беше предодреден да биде петти, нешто што севиде од почетокот на трката.
Фернандо Алонсо, не само што заврши шести во Абу Даби, туку и се искачи на десеттото место во шампионатот на возачи, позиција што ја грабна од Нико Хулкенберг и Исак Хаџар.
Естебан Окон, Луис Хамилтон, Нико Хулкенберг и Ленс Строл ги комплетираа позициите за освојување поени.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
МАКС ПОБЕДНИК ВО АБУ ДАБИ, ЛАНДО НОРИС КРУНИСАН ЗА ШАМПИОН
12/07/2025 01:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps




