Дали ќе успее, останува да се види, но неговиот Форд Раптор, со број 226, беше првиот автомобил што ја комплетираше седмата етапа.
Екстром го престигна својот најблизок ривал, фабричкиот возач на Тојота, Жоао Фереира, за речиси четири и пол минути, искачувајќи се на второто место во генералниот пласман.
ПОПОЛНЕТЕ, СПОДЕЛЕТЕ ВО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
КЛИК ОВДЕ ЗА ГОДИШНАТА Ф1 АНКЕТА
ДА ГО СЛУШНЕМЕ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!!!
КЛИК ОВДЕ ЗА ГОДИШНАТА Ф1 АНКЕТА
ДА ГО СЛУШНЕМЕ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!!!
Насер Ал-Атија останува во водство, иако Екстром ја намали разликата во однос на петкратниот победник на Дакар релито.
Катарецот денес заврши надвор од топ десет пласман, поради тешкотии со навигацијата и затоа што неговата Дачија удри во дрво при полна брзина. По завршувањето, Ал-Атија рече дека е задоволен од резултатот, бидејќи не изгубил многу време.
Најдобар од неговите тимски колеги беше Бразилецот Лукас Мораеш, кој го забележа петтиот резултат, а зад него заврши Себастијан Леб, кој е на шестото место во генералниот пласман.
Меѓу губитниците на денот беше Хенк Латеган. Тој водеше поголемиот дел од трката, но на 428 км, претера во форсирањето на Тојотата, предизвикувајќи сериозни оштетувања на задниот дел на автомобилот.
Искусниот јужноафрикански возач изгуби речиси десет минути, а кога стигна до целта, очаен, дури и одби да зборува со медиумите.
Во категоријата на две тркала, Лучијано Бенавидес го забележа најбрзото време, ова е третата етапна победа на Дакар релито за аргентинскиот возач на КТМ, а денес тој го победи Шпанецот Едгар Кане со речиси пет минути разлика.
По седум етапи, Лучијано моментално е на третото место во генералниот пласман, зад Австралиецот Даниел Сандерс, неговиот колега од фабричкиот КТМ, и Рики Брабек, кој вози мотоцикл на Хонда.
Имавме ден на Аргентинците на Дакар релито, бидејќи етапата во класата Челинџер ја освои екипажот на Кевин Бенавидес, постариот брат на Лучијано, а во SSV, нивниот млад сонародник, 20-годишниот Херемијас Гонзалез Фериоли, кој со BRP Can-Am Maverick R, го освои првото место.
Во класата камиони, најбрзо време за завршување на седмата етапа имаше меѓународен екипаж на Team de Rooy FPT. Ивеко камионот беше управуван од литванскиот возач Ваидотас Жала, португалскиот навигатор Паоло Фјуза и холанѓанецот Макс ван Грол како механичар.
Во генералниот пласман, екипажот со број 604 е трет, зад чешкото трио на Мартин Масик и холандскиот екипаж на Мичел ван ден Бринк, кој одржува водство од речиси половина час.
Утре, натпреварувачите на супермаратонот ќе се соочат со кружна етапа околу градот Вади ел-Давасир, вклучувајќи 481 км мерена делница, најдолгата од која било етапа на Дакар.
Рутата поминува низ повеќе или помалку разновидни пејзажи, но се карактеризира и со неочекувани промени во насоката.
Се вели дека е една од етапите од кои возачите и нивните совозачи најмногу се плашат, што значи дека се можни големи изненадувања.














