Бројките околу гледаноста на Ф1 шампионатот кај нас во Република Македонија повторно се во опаѓање, а за тоа најверојатно придонесуваа лошите резултати на Ферари.
Сепак, ние сме земја во која доминираат црвените болиди. Во однос на минатата година имаме намалување за околу 11%.
Иселувањето од државата секако допринесува за тоа, бидејќи во странство се нема доволно слободно време, таму е арбајтен и само арбајтен.
Според најновата анкета, во Македонија има околу 80.000 активни фанови на Формула 1 што ги следеле поголемиот дел од трките од изминатата сезона, плус ако додадеме стандардните +25% кои Ф1 ја следат со просечна заинтересираност доаѓаме до бројка од 100.000 жители кои имале некаква интеракција со врвниот мотоспорт.На почетокот од минатата година, Спортклуб се распадна како кула од карти, а преносите од Формула 1 шампионатот ги презеде српскиот телеком, кој по неколку трки на шетање од канал на канал, често и на тие што не се емитуваа во Македонија, се решија да воведат мотоспорт канал Адреналин, на кој се емитуваат повеќето преноси од трките. Се е ок, се до моментот кога преносите од повеќе шампионати не се совпаднат еден со друг.
По почетните "икавици" повеќето кабловски оператори во Македонија, го вклучија и овој канал во својата понуда. Сепак 40% од фановите сепак преферираат стримови за гледање на Ф1 трките, особено Скај Ф1 кој нуди понекогаш пристрасен, но во поглед на информации перфектен пренос.
Значи, српски телеком ги има ТВ правата и за оваа 2026 година, па на овој план останува се по старо. Се додека има нелојална конкуренција, нашите телевизии не се заинтересирани да вложуваат во врвниот мотоспорт, и покрај огромниот процент Ф1 фанови кои посакуваат пренос на домашните ТВ куќи.
А кога сме кај гледање трка во живо, тоа е она вистинското за привлекување нови фанови на овој врвен мотоспорт, од резултатите може да се заклучи дека просечниот македонски Ф1 фан не е во можност да посети некој тркачки викенд, а во тоа успеале само 6.7% од анкетираните.
Не дека нема желба, но главен проблем се скапите билети, а од минатата година и недостапноста т.е. ограничениот број на GA билети, што никогаш не било случај.
Па така сите Ф1 фанови кои веќе се сигурни дека ќе посетат некоја трка, билетите треба што поскоро да ги обезбедат, затоа што ќе ги нема.
Главен погодок за изминатата 2025 година беше Големата Награда на Емилија Ромања.
На оваа трка Макс Ферстапен имаше маестрално претекнување, кое подоцна беше избрано за најдобро во целата сезоната. Момент кој според вас ја одбележа 2025 сезоната.
Топ 4 изборот се трки на кои победуваше Холанѓанецот, па ако сте посетиле некоја од нив никако не се зажалиле.
Моментот кој ја одбележа 2025 година е и првиот подиум на Нико Хулкенберг, кога со старт од 19-тата позиција на Големата Награда на Британија успеа да се пласира на победничкиот подиум по долго чекање од 239 трки.
Сепак, немаше некоја трка што се истакнува над повеќето, како пред минатата година во Бразил, па затоа и процентите се далеку поразлични.
Македонскиот Ф1 фан е верен на Формула 1 и верува дека сопствениците не треба да воведуваат повеќе од 24 трки во една сезона.
Втор, најпопуларен мотоспорт во Република Македонија е МотоГП. Од другите мотоспортови внимание привлекуваат рели трките и Формула 2.
Спринтот, кој секоја година претрпуваше промена во правилата на форматот од страна на сопствениците на Формула 1, имаше одобрување во првите две години од воведувањето, но од 2022 година премина во негативно мислење кај македонските Ф1 фанови.
Тренд кој се задржа и за оваа анкета, но според процентите фановите не знаат што да мислат веќе.
2021 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃААТ СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ
- 44.5% одговориле позитивно.
- 36.2% одговориле негативно.
- 19.4% одговориле дека немаат став.
2022 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА СПРИНТ ФОРМАТОТ
- 53.5% одговориле позитивно.
- 36.4% одговориле негативно.
- 10.1% одговориле дека немаат став.
2023 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА СПРИНТ ФОРМАТОТ
- 42.1% одговориле негативно.
- 34.4% одговориле позитивно.
- 23.5% одговориле дека немаат став.
2024 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА СПРИНТ ФОРМАТОТ
- 42.8% одговориле негативно.
- 34.3% одговориле позитивно.
- 22.8% одговориле дека немаат став.
Резултатите од 2021 анкета на ова прашањето беа:
- 90.1% Да, повеќе конкуренција ќе биди одкорист за Ф1.
- 5.7% немаа мислење.
- 4.2% Не, има доволно производители.
Резултати од 2022 година:
- 88.5% Да, повеќе конкуренција ќе биди од корист за Ф1.
- 6.4% немаа мислење.
- 5.1% Не, има доволно производители.
Резултати од 2023 година:
- 88.9% Да, повеќе конкуренција ќе биди од корист за Ф1.
- 4.2% немаа мислење.
- 6.9% Не, има доволно производители.
Резултати од 2024 година:
- 90.1% Да, повеќе конкуренција ќе биди од корист за Ф1.
- 5.5% немаа мислење.
- 4.4% Не, има доволно производители.
Ф1 фанови не ја напуштаат идејата дека повеќе производители, тимови, ќе биде од корист за Формула 1 шампионатот.
Се согласуваме 100%.
Ландо Норис сигурно има големи шанси да стане Ф1 шампион во 2025 година! 2024 сезоната ја заврши како вицешампион и ја обезбеди првата титула на Мекларен по 26 години. Вие му дадовте најголеми шанси за 2025 титулата и тоа се оствари во реалноста.
Дали водени по навивачко размислување, или добрите резултати на Ферари во Барселона, кога оваа анкета беше се уште во тек, сега верувате дека Чарлс Леклер има најголеми шанси за шампионската титула во 2026 година! Ајде да видиме што ќе биде!
Макс Фестапен никогаш не може да се отпише, а бидејќи изгласавте дека Мерцедес ПЕ ќе доминира во новата сезона, тогаш е логично што Џорџ Расел се наоѓа на третото место.
Интересно е што на Оскар му давате поголеми шанси за успех, одколку на тековниот шампион, негов тимски колега, Ландо Норис.
Кај конструкторите ваш фаворит е Мерцедес АМГ. Моторгејт аферата сигурно допринесе за тоа.
Вие мислите дека Мерцедес АМГ го има она што е потребно за да го освои шампионатот оваа година.
Во 2025 година имавме шест, 5+1, возачи дебитанти, што ја направи една од највозбудливите сезони во последниве години на овој план.
Овие млади возачи покажаа огромен талент и потенцијал. Од нив најмногу очекувавте од Андреа Кими Антонели и бевте во право.
За крај еве ги резултатите од неколку анкетни прашања за кои мислевме дека е добро да го видиме вашето мислење.
Од 2024 година, ФИА одлучи да го укине дополнителниот поен за најбрзиот круг.
Правилото, кое беше воведено во 2019 година, им овозможи на возачите да заработат дополнителен поен за поставување на најбрзиот круг, под услов да завршат во топ 10.
Но, најмногу од македонските Ф1 фанови мислат дека е подобро тој да се доделува за освојување на Пол позицијата.
Повеќе детали за овие анкетни прашања имате на страницата каде се сумирани анкетните резултати на следниот ЛИНК.
линк - ФОРМУЛА 1 - СИТЕ ПОВАЖНИ ДАТУМИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА 2026 СЕЗОНАТА - линк
линк - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРВ ДЕЛ - линк
линк - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВТОР ДЕЛ - линк
Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВТОР ДЕЛ
2/15/2026 09:34:00 PM
0
Share to other apps














