Ландо Норис го водеше денот по помината километража, комплетирајќи 149 круга, додека Чарлс Леклер го постави најбрзото време уште на претпладневниот дел од сесијата.
Последниот ден од оваа прва тест сесија во Бахреин следува утре. Повеќето тимови ќе имаат нови возачи.
Утрото во Бахреин ветуваше дека ќе биде интензивно уште од самиот почеток, но, денот покажа две многу спротивни страни на тимовите: едната позитивна, а другата негативна, чудно менувајќи ги улогите од она што се случи вчера.
Отсуството на Ред Бул беше изнанедување за сите. Вчера беа ѕвездите на патеката, а Макс Ферстапен демонстрираше одлично темпо, но денес тимот не можеше да се вклучи во акција.
Исак Хаџар требаше да го има својот ред, но проблем со RB22 го остави болидот во својата гаражата за време на целата утринска сесија.
Од друга страна, Астон Мартин и Фернандо Алонсо ја искористија можноста, откако речиси го пропуштија вчерашниот ден. Денес беше приоритет да се акумулира километража, но со значително намалена моќност на Хонда ПЕ во AMR26.
Шпанецот достигна 318 километри на час на правците и комплетираше 55 круга, релиси еквивалентно на цела трка. Максималната брзина се зголемуваше со текот на часовите, што е честа појава во програмите на другите возачи, но е од особено значење за Астон Мартин со оглед на контекстот на нивното предсезонско тестирање.
Во Астон Мартин го бараат максималниот потенцијал на Хонда ПЕ, истражувајќи ги крајните граници. Сепак, двократниот шампион беше најбавен во сесијата.
Чарлс Леклер дадоа уште една позитивна нота во утринскиот дел од сесијата. Моначанецот го предводеше поредокот со импресивни 1:34.273, комплетирајќи 62 круга и демонстрирајќи брзина и конзистентност.
Денешните податоци покажуваат дека тимот од Маранело добро ги користи предсезонските тестирања и се приближува кон солиден баланс на болидот.
Ситуацијата на Мерцедес АМГ беше комплицирана, како таа на Ред Бул. Андреа Антонели успеа да комплетира само три круга, губејќи драгоцено време за развој на W17.
Двата тима се надеваа на акција во попладневната сесија, во денот кога почнува да се гледа напредок и во решавањето на контроверзноста околу моторите на Мерцедес.
Утрото не беше лесно и за тимот на Кадилак. Серџо Перез комплетираше 42 круга, најмалку меѓу оние што можеа да возат. Болидот на најновиот американски тим сè уште се чувствува несигурен, но покажува простор за подобрување.
Она што се издвојува над останатите е конзистентноста што Ферари ја покажува во текот на досегашната пред сезона. Не станува збор само за брзината, туку и за впечатокот што го оставаат.
По пладневната пауза, Оливер Берман беше првиот возач кој се појави на патеката, враќајќи се зад воланот на Хас.
Како што одминуваше сесијата, сообраќајот на патеката се зголемуваше.
Пјер Гасли, Арвид Линдблад и Исак Хаџар се придружија акцијата, а возачот на Ред Бул конечно го оствари својот прв круг на патеката во Бахреин.
Фернандо Алонсо исто така се врати на патеката со Астон Мартин, продолжувајќи го веќе импресивниот број на кругови за AMR26.
Еден од најзначајните моменти од попладнето беше појавувањето на болидот на Мерцедес АМГ, откако ја пропушти целата утринска сесија. Џорџ Расел седна зад воланот на W17, преземајќи го од младиот Кими Антонели.
Сесијата набрзо беше стопирана, бидејќи од Аудито на Габриел Бортолето испадна ретровизорот, при што Карлос Саинц Јр. помина многу блиску до него и избегна оштетување на болидот.
Се продолжи за брзо време, но повторно беше прекината поради технички проблем со болидот на Алпин, кој застана покрај патеката пред првиот свиок.
По расчистување на патеката, акцијата продолжи. Алонсо продолжи да билда километража, приближувајќи се кон 100 круга, иако во еден од неговите обиди да го подобри своето време, ги блокираше тркалата на влез во 10-от свиок и мораше да го прекине кругот.
Во меѓувреме, Ландо Норис и Оливер Берман веќе имаа комплетирано 100 круга, а Чарлс Леклер го следеше примерот.
Како што се наближуваше ноќта, температурите започнаа да опаѓаат, а со тоа и времињата на круговите почнаа да се подобруваат.
Оливер Берман се искачи на третото место пред Џорџ Расел, додека други возачи како Исак Хаџар и Карлос Саинц Јр. постепено напредуваа.
Сепак, имаше малку позначајни подобрувања на времињата, па така, времето на Леклер од утринскиот дел на сесијата остана на врвот од табелата, половина секунда побрзо од тоа на Ландо Норис. Останатите заостанаа прилично многу.
ФЕРАРИ ГО ПРЕЗЕДЕ ВОДСТВОТО НА ВТОРИОТ ТЕСТ ДЕН
2/12/2026 08:11:00 PM
0
Share to other apps


