Кими Антонели ја обезбеди својата прва Пол позиција во Формула 1 на Големата награда на Кина, станувајќи најмладиот возач во историјата на кого му успеало тоа.
Италијанецот ги искористи тешкотиите на Џорџ Расел за да го забележи најбрзото време, а Мерцедес АМГ, и со проблеми на болидот кај британецот, лесно го обезбеди првиот стартен ред.
Ферари и Мекларен се позиционирани подалеку, не толку далеку како вчера. Ред Бул пак е во своја лига. Од останатите моќта на Мерцедес ПЕ добро ја користи Пјер Гасли со Алпин.
Како и обично, возачите на Мерцедес АМГ влегоа во квалификациите како фаворити.
Џорџ Расел почна да има проблеми во Q2, рече дека имал проблеми со управувањето на болидот и дека му треба промена на предното крило, за подоцна да се појават многу посериозни проблеми во Q3, бидејќи неговиот болид застана и тој не можеше да го комплетира првиот брз круг.
Ова ја засили битката за Пол позицијата. Кими Антонели ја виде својата шанса и успеа да го забележи најбрзиот круг, но мораше да го почека својот тимски колега, кој беше последен што излезе на патеката, откако едвај стигна до својата гаража при првиот обид.
И на крајот, и покрај тоа што немаше енергија од акумулаторот и немаше оптимална температура на гумите, како што самиот изјави, заврши само две десетинки од секундата зад Антонели и обезбеди нов 1-2 пласман за Мерцедес АМГ.
Возачите на Ферари беа три десетинки од секунда зад најбрзиот круг, при што Луис Хамилтон го победи Чарлс Леклер за само 13 илјадити делови од секундата.
Возачите на Мекларен беа многу блиску до нив, но денес не успеаја да победат нити еден од возачите на Ферари. Ред Бул, во меѓувреме, продолжува да се мачи. Макс Ферстапен беше речиси една секунда зад времето на Пол позицијата, а Исак Хаџар беше повеќе од една десетинка зад него.
Пјер Гасли повторно беше најдобриот од останатите, дури и пред возачите на Ред Бул на пофалната седма позиција. Оливер Берман со Хас го комплетираше поредокот на најбрзите десет возачи.
По спринтот во кој Џорџ Расел повторно доминираше, квалификациите започнаа со целосно сув асфалт и температура од 32 степени.
Валтери Ботас беше првиот што излезе на патеката во оваа сесија, по што следеше долга редица возачи. Финецот со болидот на Кадилак стартуваше со време од 1:36.968.
Исак Хаџар имаше време од 1:34.519, што ни од далеку не изгледаше како конкуретно во однос на вчерашните времиња.
Оскар Пјастри беше првиот што се искачи во опсег од 1:33.000, победувајќи ги возачите на Ауди, Ландо Норис и Макс Ферстапен.
Чарлс Леклер и Луис Хамилтон не поставија добри кругови на стартот. Кога на патеката излегоа возачите на Мерцедес АМГ, сè се промени. Џорџ Расел забележа одлично време од 1:33.262, а Кими Антонели беше 43 илјадити делови од секундата зад својот тимски колега.
Кратко потоа, Луис Хамилтон монтираше нов сет на црвени гуми и комплетираше круг за 1:33.522, додека Чарлс Леклер, во меѓувреме, забележа време од 1:33.175 и ja презеде првата позиција на табелата.
Возачите на Мерцедес АМГ не планираа да излегуваат по втор пат на патеката, па Моначанецот ја заврши Q1 сесијата како најбрзиот возач.
Интересно е што ова е првата натпреварувачка сесија во сезоната што Расел не ја водел. Како да најави што ќе следи...
Карлос Саинц Јр. беше блиску до пласман во Q2, но на крајот не успеа, завршувајќи седумнаесетти, пред Алекс Албон и Фернандо Алонсо. Шпанецот, исто така, го победи својот тимски колега и возачите на Кадилак со значителна разлика.
Втората сесија започна со Кими Антонели, кој беше првиот што излезе на патеката, по него Џорџ Расел и возачите на Ферари.
Немаше време за губење меѓу возачите што се бореа за првото место. Возачите на Мерцедес АМГ беа на стари црвени гуми. Италијанецот стартуваше со време од 1:32.950, но Џорџ Расел веднаш намали на 1:32.523, а дури и возачите на Ферари го подобрија времето од Кими. Хамилтон имаше време од 1:32.834, а Леклер 1:32.902.
Возачите на Ред Бул барем на почетокот на вториот сегмент од квалификациите потврдија дека се подобри од вчера, двајцата нивни возачи беа сместени помеѓу Мекларените, Ферстапен го победи Норис, а Хаџар го победи Пјастри.
Во последните минути, Расел не можеше да се подобри, жалејќи се дека нешто не е во ред со болидот, а Кими Антонели забележа време од 1:32.443, најбрзото во сесијата.
Чарлс Леклер заостана само 43, Расел 80 илјадити делови од секундата. Луис Хамилтон беше пред Ландо Норис, Пјер Гасли, Ферстапен, Пјастри, Берман и Хаџар.
Французинот од Ред Бул се спаси за само две илјадити делови од секундата.
Нико Хулкенберг, Франко Колапинто, Естебан Окон, Лиам Лосон, Арвид Линдблад и Габриел Бортолето, беа елиминирани од понатамошниот тек од квалификациите.
Џорџ Расел, со проблеми по излегувањето од својата гаража, за првиот обид во Q3 сесијата. Неговиот Мерцедес АМГ застана на излезот од четвртиот свиок и, иако можеше да продолжи да вози, не можеше да менува брзини. Некако успеа да стигне до своите механичари.
Во таа ситуација, Кими Антонели се потруди да биде што е можно побрз, забележувајќи време од 1:32.322, победувајќи го Чарлс Леклер за три десетинки и Луис Хамилтон за речиси седум десетинки.
Кратко потоа, возачите на Мекларен забележаа добри времиња и ги победија болидите на Ферари. Антонели водеше по првиот обид, но Мекларените заостануваа две десетинки, а Леклер три десетинки.
Зад нив, возачите на Ред Бул, со старт сет на гуми, беа една секунда зад нив, а Оливер Берман успеа да го предизвика Пјер Гасли за осмото место, иако Французинот возеше употребувани гуми.
Имаше уште еден последен обид, одлучувачкиот, и Кими Антонели го подобри времето на 1:32.064 за да ја обезбеди својата прва Пол позиција во Формула 1.
Џорџ Расел успеа, и покрај проблемите, да се пласира на првиот стартен ред со заостанување од две десетинки зад својот тимски колега.
Луис Хамилтон го победи Чарлс Леклер за само 13 илјадити делови од секундата и заврши три десетинки зад времето на пол позицијата.
Зад возачите на Ферари се најдоа болидите на Мекларен, овој пат Пјастри пред Норис, и со тоа првите шест позиции беа за трите најдобри тима.
Пјер Гасли повторно беше најдобриот од останатите, завршувајќи пред Макс Ферстапен на седмото место. Исак Хаџар и Оливер Берман го комплетираа Топ 10 пласманот.
КИМИ АНТОНЕЛИ СТАНА НАЈМЛАДИОТ ОСВОЈУВАЧ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО ФОРМУЛА 1
3/14/2026 10:25:00 AM
0
Share to other apps






