Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
ПЕТОК
ТРЕНИНГ 1 03:30-04:30 MK
ТРЕНИНГ 2 07:00-08:00 MK
За првиот сектор е потребен болид кој влегува моќно во свиоците и негово приспособување да реагира без подуправување или губење дури и милиметар од тркачката линија.
Затоа, ќе биде многу важно да се генерира аеродинамично оптоварување на предната оска, а задната оска да го поддржи без да се создаде пролизгување.
Штом ќе заврши рингишпилот од последователни свиоци од првиот сектор, пристигнуваат четири делови каде на дело треба да се покаже тракција и брзина на болидот, многу повеќе ориентирани кон задниот дел, но без да се заборави предниот дел во Spoon и во 130R. Работата на ЕРС-системот за излез од овие свиоци прави разлика.
Многу е важно да се осигура дека возачот ќе има целосна доверба во однесувањето на својот болид, да се движи како по шини низ свиоците, затоа што во спротивно гумите ќе бидат подложени на зголемена деградација и прегревање.
Да се биде едно, помеѓу возачот и болидот е многу важно на оваа патека.





































































































































































































































































