Џорџ Расел беше најбрз, а Кими Антонели го комплетираше 1-2 пласманот, додека возачите на Мекларен ги победија возачите на Ферари. Веднаш после нив Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул, но со огромна разлика и без шанси за топ 6 пласман.
По викендот во Кина на кој повторно доминираше Мерцедес АМГ, првата тренинг сесија на историската патека Сузука започна на многу "зелена" патека и температура од 35 степени Целзиусови.
Џек Крофорд излезе на патеката во Астон Мартинот на Фернандо Алонсо.
Возачите на Ауди беа првите што излегоа на патеката, но за само неколку минути, сите возачи беа во акција, а белите гуми беа доминантен избор.
Првото време од сесијата беше 1:37.256 забележано од Луис Хамилтон, но брзо паднаа од 1:37 на 1:34, при што Оскар Пјастри имаше време од 1:34.053, а Макс Ферстапен 1:34.089, и двајцата со жолти гуми.
Џорџ Расел, со белите гуми на Пирели, намали на 1:33.312. Оскар Пјастри се врати на првото место со 1:32.812, а Чарлс Леклер се искачи на второто место со 1:32.833, но Џорџ Расел наскоро се врати на врвот со време од 1:32.429.
Во последните кругови од првата третина од сесијата, неколку возачи ги подобрија своите времиња. Чарлс Леклер се искачи на првото место со 1:32.260, но Џорџ Расел беше само 13, Кими Антонели 44, а Оскар Пјастри 79 илјадити делови од секундата позади него.
Неколку минути подоцна, возачите на Мерцедес АМГ беа првите што ги монтираа најмеките гуми. Џорџ Расел првично постави време од 1:31.755, а Кими Антонели 1:32.032. Во вториот обид, Џорџ не се подобри, но Кими падна на 1:31.692.
Додека Чарлс Леклер стартуваше со црвените гуми, Џорџ Расел го подобри времето на 1:31.666 при третиот обид и покрај тоа што наиде на сообраќај во третиот сектор. Иако Моначанецот имаше добро време во првиот сектор, тој имаше проблеми со тринаесеттиот свиок.
Во таа ситуација, Луис Хамилтон, по неколку минути во гаражата за да подобро се наштелува Ферарито, излезе на црвените гуми и постави време од 1:32.040.
Кратко потоа, Оскар Пјастри забележа време од 1:31.865, а Чарлс Леклер успеа да постигне време од 1:31.955 во својот втор обид со најмеките гуми.
Во последната третина од сесијата, некои возачи ги подобрија своите времиња, додека други се соочија со проблеми. Џек Крофорд, на пример, мораше да се повлече од својот Астон Мартин, кој комплетираше 11 круга во оваа сесија, со нешто повеќе од десет минути до крајот.
Ландо Норис се подобри, забележувајќи време од 1:31.798, само една десетинка од секундата зад Расел.
Џорџ Расел и Кими Антонели обезбедија еден-два пласман за Мерцедес АМГ, пред возачите на Мекларен и Ферари. Макс Ферстапен заврши седми, но поблиску до средината на поредокот отколку до врвот.
Лиам Лосон беше осми, помалку од една десетинка од секундата зад Ферстапен, речиси осум зад Расел. Естебан Окон и Арвид Линдблад го комплетираа топ десет поредокот.
Вилијамс, Кадилак и Астон Мартин остануваат трите најбавни тимови.
Оскар Пјастри беше најбрзиот возач на втората тренинг сесија за Големата награда на Јапонија. Австралијанецот ги победи возачите на Мерцедес АМГ, а исто така и тие на Ферари, кои беа далеку зад нив.
По првиот тренинг во кој доминираше Мерцедес АМГ, втората сесија започна со погумиран асфалт на патеката Сузука и температура од 34 степени Целзиусови.
Фернандо Алонсо, сега татко, се врати во болидот на Астон Мартин, откако му го позајми на Џек Крофорд.
Во овој случај, Луис Хамилтон беше првиот што излезе на патеката, по него следеа многу возачи. Доминантен изор беа жолтите гуми на Пирели. Немаше време за губење, бидејќи овој тренинг е во време кога се одржуват квалификациите и трката.
Почетните времиња беа конкурентни. Луис Хамилтон започна со 1:33.306, а неколку други возачи, како Исак Хаџар, Макс Ферстапен и Нико Хулкенберг, паднаа под 1:32...
Но, возачите на Мерцедес АМГ, набрзо го презедоа водството. Џорџ Расел започна со 1:31.568, а Кими Антонели со 1.31.738. Сепак, Оскар Пјастри, во својот втор обид, постигна време од 1:31.495 и им го одзеде првото место.
Пјастри, возачите на Мерцедес АМГ и Ферари беа на жолти гуми, а времињата продолжија да опаѓаат. Антонели се подобри на 1:31.174, но Пјастри го победи со 1:31.067, а Расел, и покрај тоа што го постави најбрзото време во првиот сектор, успеа да постигне време од 1:31.401.
Чарлс Леклер постави време од 1:31.019 и ја заврши сесијата како најбрз на таа гума, по што следеа Пјастри со 48, Расел со 117 и Антонели со 155 илјадити делови од секундата.
Луис Хамилтон беше малку поназад, пред Лиам Лосон, Нико Хулкенберг и Макс Ферстапен.
По битката на жолтите гуми, дуелот во втората третина од сесијата продолжи на најмеките гуми на Пирели, и секако, времињата се намалија.
Оскар Пјастри беше првиот што го стори тоа, запирајќи ја штоперицата на 1:30.133. Времето на Австралиецот беше доволно добро за да биде најбрзо по првото возење на црвените гуми.
Кими Антонели заостануваше 92 илјадити делови од секундата, а Расел две десетинки. Леклер веќе заостануваше седум десетинки, а Хамилтон повеќе од една секунда.
И покрај обидите на возачите на Ферари, тие не беа во можност значително да ја подобрат ситуацијата, па Пјастри ја заврши квалификациската симулација на првото место, а по него следуваа Антонели, Расел, Леклер и Хамилтон.
Ландо Норис, кој имаше проблеми со својот болид на почетокот од сесијата, имаше поинаква стратегија и заврши шести, четири десетинки од секундата зад Хамилтон, но со жолти гуми.
Поназад, четири возачи, Хулкенберг, Албон, Берман и Ферстапен, беа многу израмнети на табелата.
Неколку минути подоцна, додека речиси сите возачи беа префрлени на подолги стинтови, Ландо Норис излезе со црвените гуми за брз круг и забележа време од 1:30.980, што го стави на четвртото место, половина секунда зад својот тимски колега и пред возачите на Ферари.
Во последните минути речиси и да немаше подобрувања, па Пјастри го заврши денот како најбрзиот возач, по него следеа Антонели, Расел, Норис, Леклер и Хамилтон.
Хулкенберг, Албон, Берман и Ферстапен го комплетираа поредокот на најбрзите десет возачи.
ПРИЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА ЈАПОНИЈА

















