Џорџ Расел го забележа најбрзото време на првата и единствена тренинг сесија за Големата Награда на Кина. Неговиот тимски колега, Кими Антонели заостана една десетинка, додека останатите заостануваа повеќе од половина секунда.
Трката во Шангај е втора по промената на прописите и прва што се одвива во спринт форматот. Со само еден тренинг овој викенд, имаше многу работа, па возачите веднаш се упатија на патеката по светнувањето на зелените светла на крајот од пит-линијата.
Повеќето тимови ја поделија тест програмата меѓу возачите за да соберат што повеќе информации. Пирели традиционално ги донесе трите смеши од средината на својата понуса, C2, C3 и C4, од кои се произведени белите, жолтите и црвените гуми.
На почетокот од сесијата, сите возеа жолти гуми, освен Астон Мартин, кој не планираше да извози голем круг поради вибрации. Алонсо и Строл веднаш се префрлија на црвените гуми. Фернандо не го заврши кругот и се врати во боксот, но подоцна повторно излезе.
Колапинто се изврте и излета од патеката уште во првиот круг, но успеа да се врати во акција, без никаква штета на неговиот болид.
Тркалата на Хамилтон и Бортолето се блокираа при сопирањето, предизвикувајќи двајцата да се извртат. Саинц Јр. се врати во својата гаража поради проблеми со болидот.
Хамилтон и Норис имаа дуел во последниот свиок, што го привлече вниманието на стјуардите, но тие не казнија никого.
Десет минути по почетокот на сесијата, беше распореден режим на Виртуелното безбедносно возило за да се исчистат неколку остатоци на правецот.
Потоа, повторно, Линдблад застана покрај патеката во 14-от свиок. Погонската единица во неговиот Рејсинг Булс испушти облак од чад и се исклучи, со што заврши тренингот за единствениот дебитант во сезоната. Пјастри и Хаџар имаа екскурзија надвор од патеката.
Во последните 15 минути, возачите се префрлија на црвените гуми, а Џорџ Расел го демонстрираше потенцијал на својот болид, комплетирајќи круг седум десетинки побрзо од неговите ривали од другите тимови.
Во последните минути, Леклер излета во последниот свиок и мина низ чакалот покрај патеката. Берман се изврте под сопирање. Ниту еден болид не беше оштетен.
МЕРЦЕДЕС ДОМИНИРА И ВО КИНА
3/13/2026 08:11:00 AM
0
Share to other apps


