Првата квалификациска сесија од 2026 сезоната ги потврди предвидувањата на повеќето аналитичари, Мерцедес АМГ е доминантна сила и тешко да се најде некој што ќе ги победи.
Џорџ Расел ја обезбеди Пол позицијата за утрешната Големата Награда на Австралија, а Кими Антонели се погрижи да го обезбеди првиот стартен ред, и покрај страшниот инцидент на саботниот тренинг.
Разликата со останатите е огромна! Исак Хаџар минимално ги победи возачите на Ферари и Мекларен, по излетувањето на Макс во првиот свиок,во првиот негов брз круг.
По предсезоната во која многу се зборуваше за моторот на Мерцедес поради односот на компресија, проследено со добрите настапи на Мерцедес АМГ на тест сесиите, конечно потврди дека повторно го имаат најдобриот мотор и најдобриот болид со новата промена на прописите.
Џорџ Расел беше јасен фаворит на почетокот од квалификациите и го потврди тоа во Q3, каде ја обезбеди својата осма пол позиција во Ф1. Кими Антонели се квалификуваше втор и покрај недостатокот на самодоверба по инцидентот што се случи на саботниот тренинг. Што е уште еден показател дека W17 ќе нема конкуренција.
Третопласираниот возач, Исак Хаџар, беше речиси осум десетинки од секундата зад него, а тука некаде се и возачите на Ферари и на Мекларен. На патека која не е толку долга, ова е огромна разлика.
Во споредба со 2025 година, болидите од новата генерација заостануваат за 3.4 секунди. Минатогодишното време за пол позиција беше 1:15.096.
Настапот на Рејсинг Булс беше забележлив, Ред Бул завршија добра работа во своето деби како производител на погонски единици! Беа најдобри во средината на пореокот.
Сепак, како што кажа Макс, за да се борат за врвот им недостига моќност, но како што се покажа денес, тоа ќе биде случај и со сите останати ривали на Мерцедес.
Најголемото изненадување е пласманот на Ауди, со Габриел Бортолето, во најбрзите десет возачи. Астон Мартин со Фернандо Алонсо успеа да направи неколку круга, па дури и да падне под 1:21, но не успеа да го помине Q1.
Ленс Строл и Карлос Саинц Јр., поради проблеми со болидите, не беше во можност да учествуваат на денешните квалификации.
Програмата продолжува со трката за Големата Награда на Австралија која е закажана за 05:00 часот по македонско време.
Кими Антонели ќе ја стартува утрешната трка од втората позиција, освен ако не добие казна за вентилаторот кој остана на неговиот болидот и предизвика црвено знаме по неговото испаѓање на патеката.
Ова е супер резултат за Италијанецот, со оглед на тоа што се случи на третата тренинг сесија, кога тој практично го уништи својот болид.
Одличната работа на неговите механичари, потпомогната од црвеното знаме предизвикано од излетувањето на Макс Ферстапен.
"Не можевме правилно да го подесиме болидот, па го оставивме каков што беше и излегов на патеката. Утрово направив само мала грешка, но таа имаше многу сериозни последици."
"Поминав над рабникот и на неговиот кај, болидот потскокна, а потоа се случи што се случи. Не беше голема грешка, но за жал имаше многу сериозни последици."
"Морам да кажам дека тимот, механичарите, беа хероите на денот. Поправката на болидот во рекордно време беше навистина неверојатно од нивна страна."
"Се надевам дека небезбедното пуштање од бокс ќе биде само парична казна за тимот."
"Не очекувавме толку голема разлика во квалификациите, знаевме дека ќе имаме одредена предност, делумно поради нашето турбо, но сигурно не до толку."
"Болидот е навистина добар, па затоа мора да ја искористиме секоја можност максимално."
МЕРЦЕДЕС АМГ НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА, КИМИ ТРЕБА ДА ГИ СМИРИ ХОРМОНИТЕ
3/07/2026 07:57:00 AM
0
Share to other apps






