Она што останува непроменето е дека Мерцедес АМГ е на врвот, додека Кими Антонели повторно беше побрз од својот тимски колега.
Прво за задните светла на болидите. ФИА одлучи да тестира систем на задни светла со различна боја на оваа тренинг сесија, и тоа: сина, виолетова и жолта, кои ја означуваат состојбата на акумулаторот.
СИНА - АКУМУЛАТОРОТ СЕ ТРОШИ
ВИОЛЕТОВА - АКУМУЛАТОРОТ Е ЦЕЛОСНО ПОТРОШЕН
ЖОЛТА - АКУМУЛАТОРОТ СЕ ПОЛНИ
Поради тоа што ова е единствена тренинг сесија, сите возачи брзо излегоа на патеката. Првото забележано време беше 1:23.437 од страна на Серџо Перез.
Додека останатите започнаа со скромни времиња, над 1:20, Макс Ферстапен забележа време од 1:17.432, а Кими Антонели 1:17.526, и двајцата на белите гуми на Пирели, кои беа омилен избор за прво излегување на патеката.
Франко Колапинто имаше проблеми со педалата за гас на својот Алпин. Се повлече во својата гаража и не излезе на патеката до крајот на овој тренинг.
Кратко потоа, Макс Ферстапен го намали своето време на 1:15.895, додека Лиам Лосон имаше проблем со својот болид, кој остана паркиран покрај патеката, по со што беа развеани црвените знамиња.
Tркачкиот директор одлучи да ја продолжи сесијата за четири минути.
На рестартот, повеќето возачи притиснаа до максимум, пронаоѓајќи ги лимитите на своите болиди. Оскар Пјастри поведе со време од 1:15.806, по него следеше Џорџ Расел со 87 илјадити делови од секундата и Макс Ферстапен со 89 илјадити делови од секундата заостанување.
Фернандо Алонсо, кој ги монтираше најмеките гуми, забележа време од 1:16.785 што го стави во топ 10 пласман. Фаворитите беа на белите гуми и имаа простор за подобрување.
Неколку минути подоцна, Алекс Албон по прегазување на еден мрмот заврши во заштитните бариери покрај седмиот свиок. Тоа предизвика повторно развејување на црвените знамиња.
ФИА одлучи повторно да ја продолжи сесијата за 15 минути.
Кога акцијата продолжи, неколку возачи повторно го бараа лимитот со белите гуми. На крајот од возењето со најтврдата смеша, Кими Антонели постави време од 1:14.392, 52 илјадити делови од секундата побрзо од неговиот тимски колега.
Мекларените заостануваа повеќе од половина секунда, а возачите на Ферари беа уште подалеку. Луис Хамилтон излезе во последен обид и успеа да забележи трето најбрзо време на белите пневматици.
Во последната третина од сесијата, црвените гуми беа во центарот на вниманието, и нормално, времињата на кругови се намалија.
Возачите на Мерцедес АМГ беа првите што излегоа на патеката, а Кими Антонели започна со време од 1:13.402, четири десетинки побрзо од Расел. Кими немаше потреба да го подобри своето време за да биде најбрз во сесијата.
Џорџ Расел се обиде да го победи, спуштајќи на 1:13.544, само една десетинка зад својот тимски колега, време кое се обиде да го подобри дополнително, но имаше извртување во првиот свиок, вклучувајќи и мал допир со ѕидот.
Мерцедес АМГ лесно до еден-два пласман на табелата. Возачите на Ферари беа следни, со Луис Хамилтон трет, седум десетинки, и Чарлс Леклер четврти, девет десетинки зад најдоброто време.
Макс Ферстапен беше петти, единаесет илјадитинки зад Ферарито на Моначанецот, а возачите на Мекларен го комплетираа топ 7 поредокот, повеќе од една секунда зад лидерот.
Сепак, треба да се напомене дека Естебан Окон заврши во заштитните бариери покрај патеката, предизвикувајќи уште еден период на црвени знамиња на пет минути до крајот, и повеќе не беше можно да се подобрат времињата.
Со други зборови, одредени возачи не успеаја да забележат времиња на црвените гуми.
Фернандо Алонсо беше еден од последните што завршија брз круг и, со време од 1:15.863, заврши десетти зад Арвид Линдблад осми и Нико Хулкенберг деветти со жолти гуми.
Изненадување е да се види Астон Мартин толку високо во поредокот, и останува да видиме дали тоа ќе може да се повтори.
Акцијата на патеката Жил Вилнев продолжува со Спринт квалификациите кои првично беа закажани за 22:30 часот, но има шанси тоа да се одложи за половина час.
ПРИЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА КАНАДА
















