Пресврт во 2026 сезоната. Мекларен сега има болид способен да ги победи Мерцедес АМГ, Ферари или кој било друг.
Ландо Норис е победник на Спринтот за Големата Награда на Мајами, а Оскар Пјастри обезбеди еден-два пласман за Мекларен, со Чарлс Леклер и возачите на Мерцедес АМГ зад нив.
Не очекувавме трендот толку брзо да се промени, но се промени.
Откако Мерцедес АМГ имаше чиста низа победи во трите трки и Спринтот во Кина, одржани оваа година, Ландо Норис ги искористи надградбите на Мекларен и овој пат ја освои победата. Оскар Пјастри и Чарлс Леклер го комплетираа победничкиот подиум.
Мерцедес АМГ од најдобриот болид, барем на овој Спринт, го имаше третиот, зад Меклерен и Ферари.
Кими Антонели и Џорџ Расел завршија следни, но младиот Италијанецот доби казна од пет секунди за надминување на лимитот на дозволени излегувања надвор од патеката и падна на шестото место, веднаш зад Макс Ферстапен, кој има сосема поинаков болид во споредба со почетокот на годината и успеа да го победи Луис Хамилтон.
Пјер Гасли го освои последниот поен во овој спринт, додека Франко Колапинто заврши десетти.
Фернандо Алонсо, во последниот круг, во болидот на Астон Мартин, успеа да ги претекне Ленс Строл и Серџо Перез за шеснаесеттата позиција.
Следно на програмата се вистинските квалификации кои се закажани за 22 часот по Македонско време.
МЕКЛАРЕН ЈА ПРЕКИНА ДОМИНАЦИЈАТА НА МЕРЦЕДЕС АМГ
5/02/2026 07:22:00 PM
0
Share to other apps


