Мекларен се враќа во битката за Победите?!? Ландо Норис имаше одличен круг во спринт квалификациите за Големата Награда на Мајами и ја обезбеди првата стартна позиција.
Кими Антонели и Оскар Пјастри заостанаа само две десетинки од секундата зад нив, останатите се подалеку.
Петокот не изгледаше добро за Мерцедес АМГ, а предвидувањата се потврдија, иако еден од нивните возачи е далеку пред другиот.
Норис ја обезбеди по петти пат првата стартна позиција за саботниот Спринт, додека Антонели, барем, успеа да го престигне Пјастри и утре ќе стартува втор.
Во меѓувреме, Џорџ Расел успеа да стигне само до шестата стартна позиција, шест десетинки од секундата зад најбрзото време и повеќе од три десетинки зад својот тимски колега.
Британецот беше претекнат од Чарлс Леклер, четврти, и Макс Ферстапен, петти, кои исто така удобно ги претекнаа своите тимски колеги.
Луис Хамилтон само со седмото најбрзо време, пред Франко Колапинто кој беше најдобриот од останатите, завршувајќи осми, пред Исак Хаџар и Пјер Гасли.
Акцијата продолжува со саботниот Спринт, кој е закажан за 18:00 часот и вистинските Квалификации кои на програмата се во 22:00 часот по Македонско време.
МЕКЛАРЕН НАДГРАДБИТЕ РАБОТАТ, ЛАНДО НА ПРВАТА СТАРТНА ПОЗИЦИЈА
5/02/2026 12:28:00 AM
0
Share to other apps


