Кими Антонели го победи Џорџ Расел за четири стотинки, за 1-2 пласман на Сребрените стрели, додека Оскар Пјастри беше најблиску до нив, заостанувајќи за една десетинка.
Макс Ферстапен беше две десетинки поназад, а Луис Хамилтон задоцни шест десетинки.
Акцијата продолжува со вториот тренинг, кој е закажан за 17 часот по Македонско време.
Големата награда на Австрија започна со целосно сув асфалт на патека и температура од 50 степени за првата тренинг сесија во која имаше шест млади возачи.
Еден од нив, Дино Беганович, беше првиот што излезе на патеката кога семафорот се вклучи зелено. Многу возачи брзо го следеа, а првото време на сесијата беше 1:13.530 поставено од Серџо Перез.
Имавме возачи на бели и жолти гуми. Почетното време не остана долго на врвот на табелата, Кими Антонели го намали на 1:11.029, а Џорџ Расел имаше време од 1:10.407.
Макс Ферстапен, со многу надградениот Ред Бул, започна со проблеми во боксот, никако не можеше да излезе на патеката.
Од тие рани моменти на сесијата, времињата по круг брзо се намалија на 1:09, па дури и 108. Џорџ Расел, во својот деветти круг со жолти гуми, постигна време од 1:08.898, додека Кими Антонели, во својот единаесетти круг со истите гуми, постигна време од 1:08.448.
Токму во тој момент, кога сесијата се приближуваше до 20 минути, Макс Ферстапен конечно излезе на патеката за прв пат и се искачи на третото место со време од 1:09.043, секако, со црвените гуми.
Оскар Пјастри, во својот петти круг со жолтите гуми, постави време од 1:09.333. По првите четири, следеа Дино Беганович и Луис Хамилтон со релативно скромни времињ.
Како што сесијата се приближуваше до својата половина, возачите на Мерцедес АМГ одлучија да ги стават црвените гуми и, очекувано, нивните времиња се подобрија.
Антонели го задржа своето водство со време од 1:07.796, додека Расел остана втор со 1:07.915, подоцна подобрувајќи се на 1:07.836. Освен кај Мерцедес АМГ, одлуките во врска со гумите со најмеката смеша, беа доста разновидни. Некои претпочитаа да ги стават порано, а други подоцна.
Во секој случај, никој не успеа да го победи Мерцедес АМГ. Пјастри беше блиску, само една десетинка од секундата заостанување, додека Ферстапен имаше две, а Хамилтон шест десетинки заостанување.
Надвор од првите пет, Арвид Линдблад заврши шести, победувајќи го Ландо Норис, кој успеа да извози само девет круга во оваа сесија и неговото најдобро време беше со жолтите гуми.
Франко Колапинто, Дино Беганович и Оливер Берман ги комплетираа најбрзите десет возачи.
Сесијата заврши под црвено знаме поради дефект на болидот на Серџо Перез.
ПРИЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА АВСТРИЈА















