Андреа Кими Антонели повторно на врвот на табелата и на вториот тренинг за Големата Награда на Австрија.
Денешните сесии беа доминатни за болидите корисници на Мерцедес погонските единици, па возачите на Мекларен завршија на второто и третото место. Ред Бул и Ферари беа половина секунда зад нив.
Формула 1 се враќа во акција, утре во 12:30 часот со саботната тренинг сесија, додека квалификациите започнуваат во 16:00 часот.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ И КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По првата слободна тренинг сесија со многу млади возачи и 1-2 пласман на Мерцедес АМГ, втората сесија започна со целосно сув асфалт на Ред Бул Ринг и температура од 48 степени.
На почетокот од тренингот немаше време за губење. Нико Хулкенберг беше првиот што излезе на патеката, а по него следеше долг список на возачи.
Првото време беше 1:10.927, забележано од Габриел Бортолето. На почетокот имавме различен избор на бели, но повеќе жолти гуми.
Возачите на Мекларен беа брзи од самиот почеток. Ландо Норис постави време од 1:08.000 со жолтите гуми, победувајќи ги Оскар Пјастри, Кими Антонели и Луис Хамилтон.
Серџо Перез по помалку од десет минути од сесијата имаше ист проблем како и на првиот тренинг, а неговиот Кадилак заглави во шестиот свиок, предизвикувајќи период на виртуелното безбедносно возило и принудувајќи го да се повлече.
Откако заврши ВБВ, многу возачи повторно ги наместија своите први гуми. Меѓу нив беа и возачите на Мерцедес АМГ. Кими Антонели постави време од 1:08.198, Џорџ Расел не можеше подобро од 1:08.416.
Никој не можеше да го победи Норис, сè додека Антонели, во својот тринаесетти круг со жолтите гуми, не забележа време од 1:07.657 за да го преземе водството пред да се врати во боксот.
Пјастри беше трет кога беа завршени симулациите со оваа гума, пред Расел, Леклер, Fерстапен, Хамилтон, Хаџар и возачите на Рејсинг Булс.
На околу половина од сесијата, црвените гуми почнаа да заземаат централно место и, очигледно, претходните времиња се намалија.
Во таа ситуација, Кими Антонели повторно имаше нешто екстра. Италијанецот постави време од 1:07.209, а потоа го подобри на 1:07.014, победувајќи го Пјастри за две десетинки и Норис за три десетинки и дефинитивно стана најбрзиот во сесијата.
Зад три мотори на Мерцедес, Макс Ферстапен беше четврти, половина секунда заостанување, а зад него беа Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Исак Хаџар и Чарлс Леклер.
Лиам Лосон и Габриел Бортолето ги комплетираа најбрзите десет возачи.
По квалификациските симулации, тимовите се фокусираа на долги стинтови, па така табелата остана непроменета.
АНДРЕА КИМИ АНТОНЕЛИ НЕДОСТИЖЕН НА РЕД БУЛ РИНГ
6/26/2026 04:00:00 PM
0
Share to other apps




