Џорџ Расел се покажа како најбрзиот возач на саботниот тренинг за Големата награда на Каталуња.
Британецот ги победи возачите на Мекларен и Чарлс Леклер за две десетинки од секундата, но вистинските перформанси на Кими Антонели беа попречени од сообраќајот.
Попладнево продолжуваме со акција на патеката Каталуња, а битката за Пол позицијата е закажана за 16 часот.
Квалификациите ќе се емитуваат на Арена М3 Премиум.
Стандардните стримови ќе бидат постирани на вообичаениот начин, а линковите ќе бидат постирани во нашата Вајбер Група (ЛИНК).Петочните тренинг сесии им припаднаа на Џорџ Расел и Ландо Норис, а саботниот тренинг беше последна шанса за "штелување" на болидите за најбрзиот можен круг и денешните квалификации.
Овој пат немаше многу брзање за излегување на патеката. Возачите на Кадилак беа првите што излегоа на патеката и поставија време од 1:19.998 за Валтери Ботас и 1:20.111 за Серџо Перез, но немаше никој друг.
Моравме да чекаме повеќе од 20 минути за да ги видиме повеќето возачи на патеката. Неколку од водечките веќе беа надвор на асфалтот, а Ландо Норис беше првиот што постави релативно конкурентно време, 1:16.609, Чарлс Леклер заостануваше 76 илјадити делови од секундата.
Кога се појавија возачите на Мерцедес АМГ, сè се промени. Џорџ Расел постави време од 1:16.258, а Кими Антонели беше само две десетинки од секундата зад него, давајќи му на Мерцедес АМГ привремен пласман на првото и второто место на табелата.
Норис беше трет, пред Леклер, Ферстапен, Хамилтон и Пјастри.
На половина од сесијата, Валтери Ботас изгуби контрола на болидот на Кадилак во 10-от свиок, поради проблеми со сопирачките и предизвика развејување на црвените знамиња.
Откако сесијата продолжи, многумина се обидоа да ги подобрат своите времиња со користените црвени гуми, но тоа беше речиси невозможно.
Оскар Пјастри беше единствениот што го подобри своето време, поместувајќи се на шестото место пред Хамилтон.
Друга приказна беше кога возачите преминаат на вториот сет на црвени гуми. Тие почнаа да се појавуваат во последните 15 минути од сесијата.
Во тој последен обид, Расел повторно беше најбрз. Британецот го намали своето време на 1:15.679 и го задржа првото место.
Зад него, Оскар Пјастри, Чарлс Леклер и Ландо Норис беа две десетинки од секундата побавни. Кими Антонели наиде на сообраќај во својот брз круг и не беше во можност да го подобри своето претходно време.
И, бидејќи гумите не се доволно добри за два круга со полн капацитет, тој заврши на седмото место, зад Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.
Исак Хаџар, Нико Хулкенберг и Арвид Линдблад ги комплетираа најбрзите десет возачи.
РАСЕЛ Е РЕШЕН ДА ЈА ИМА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА НА КАТАЛУЊА
6/13/2026 12:25:00 PM
0
Share to other apps



