Џорџ Расел сè уште не го кажал својот последен збор во овој шампионат.
Британецот го победи Луис Хамилтон за 64 илјадити делови од секундата и ја освои Пол позицијата за Големата Награда на Каталуња. Кими Антонели успеа да се пласира само на третото место.
Беше време да се истакне, а Џорџ токму тоа го направи. Немаше среќа на последните две трки и е далеку зад Антонели во шампионатот, но денес сакаше да го започне неговиот кам-бек кон врвот.
Денес беше најбрзиот возач и утре, секако, ќе се обиде да се врати на победничките патеки.
Луис Хамилтон беше најголемото изненадување. По тешкиот петок, тој беше неверојатно брз во квалификациите и речиси му ја грабна пол позицијата на Расел.
Неговиот тимски колега, повторно со инцидент на патеката. Во Q3 сесијата изгуби контрола врз Ферарито и заврши во заштитните бариери и утре ќе стартува десетти.
Ландо Норис и Макс Ферстапен го комплетираа топ пет поредокот. Исак Хаџар пред Оскар Пјастри кој успеа да се пласира само на седмата позиција.
Лиам Лосон го победи Нико Хулкенберг и беше најдобар од останатите.
Еден куриозитет. Фернандо Алонсо денес беше последен, но она што е интересно е крајот на неговата победничка серија во однос на Ленс Строл. Тој немаше загубено во квалификациите од Канаѓанецот од Силверстоун во 2024 година.
Формула 1 се враќа во акција утре со најважниот настан од викендот, седмата трка од сезоната, закажана за 15 часот.
ЈУБИЛЕЈНА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА ЏОРЏ РАСЕЛ
6/13/2026 03:50:00 PM
0
Share to other apps




