Формула 1 официјално го претстави својот календар за 2027 сезоната, кој вклучува 24 трки во 22 земји, од кои десет викенди ќе бидат во спринт формат.
Сезоната ќе започне со предсезонски тест сесии во Бахреин од 24 до 27 февруари. Патеката Сахир ќе биде домаќин и на првата трка од сезоната од 12 до 14 март, по што Формула 1 ќе се упати кон Саудиска Арабија.
Во април трки се закажани во Австралија, Јапонија и Кина. Во мај, две северноамерикански трки ќе се одржат во Мајами и Канада, по што Монако ќе го отвори европскиот дел од сезоната во првиот викенд од јуни.
Формула 1 потоа ќе се упати во Португалија, по што ќе следат трки во Велика Британија, Австрија, Белгија и Унгарија, пред да започне традиционалната августовска пауза.
Сезоната ќе продолжи првиот викенд од септември во Италија. Потоа ќе се одржат трки во Шпанија, Азербејџан и Турција, која исто така се враќа по долга пауза, но патеката во Истанбул прво мора да помине хомологација од ФИА.
Потоа, Формула 1 ќе се упати кон Сингапур, по што ќе следат четири трки во Северна и Јужна Америка и тоа САД, Мексико, Бразил и Лас Вегас.
Сезоната ќе заврши со две декемвриски трки во Катар и Абу Даби. Како што се очекуваше, 10 трки во 2027 година ќе бидат одржани во спринт формат.
Тоа се Бахреин, Австралија, Јапонија, Канада, Монако, Велика Британија, Италија, Бразил, Катар и Абу Даби.
Календарот веќе е одобрен од Светскиот тркачки совет на ФИА.
ФОРМУЛА 1 ГО ОБЈАВИ КАЛЕНДАРОТ ЗА 2027 ГОДИНА
9/20/2026 12:52:00 PM
0
Share to other apps



