Денес Формула 1 ќе се трка по улиците на Баку, по јубилеен 10-ти пат.
Во Азербејџан Формула 1 го имаше своето деби во 2016 година, кога се возеше трка под името Голема Награда на Европа.
Веднаш по првата трка организаторите го сменија името, и настанот ја доби титулата Голема Награда на Азербејџан.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 13:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Европскиот дел од сезоната заврши. Оваа година, тој вклучуваше девет трки, Големата Награда на Емилија-Ромања беше заменета со Мадрид, но се чини дека има одредени шанси дека Имола ќе се врати на крајот од оваа сезона.
Кими Антонели има 292 поени и малку е веројатно дека ќе го изгуби водството во генералниот пласман, но првата негова грешка на вчерашните квалификации покажа колку се може да се промени ако почне да попушта под притисокот.
Младиот Италијанец самоуверено го освои европскиот дел од сезоната, создавајќи одлично водство пред последната серија од три по три последователни трки, доколку сите се одржат.
Теоретски, тој би можел да ја осигури титулата уште во Сингапур, но тоа е поверојатно да се случи подоцна.
Брзата патека со својот тесен дел во стариот град изгледа одлично и нуди непредвидливи трки. Речиси секој возач направил грешки во текот на изминатите седум години.
Делува неверојатно што една градска патека може да понуди каков било адреналин, по навиката од Монте Карло и неодамна одржаната трка во Мадрид, но сепак понуди, со Стариот град, брзината и опасните свиоци при такви брзини.
Потоа, во Џеда, успеаја да направат уште побрза и поопасна градска трка, но тоа не ја направи патеката во Баку помалку стресна. Како и претходно, грешките тука се многу скапи.
Нема да биде здодевно и денес. За девет години тркање на оваа патека, возачот кој стартувал од пол позицијата ја добил и трката само трипати, па успехот во сабота речиси ништо не значи, сè се одлучува во недела, т.е во годинешниот случај во сабота.
Интересно е што Чарлс Леклер освои четири пол позиции на оваа патека, но не победи на нити една од нив. Ферари сè уште не победил ниту во Баку. Дали сега од П2 може да се случи победа на трката?
Баку ги нема карактеристиките на останатите градски патеки, бидејќи стартната позицијата на истата не е од големо значење, особено во споредба со Мадринг и Монте Карло.
Со своите шест километри е втора по должина на кругот во сегашниот календар, веднаш зад СПА-Франкоршамп. Најдобро и реално остварливо место за претекнување е првиот свиок.
Таа претставува необичен спој на претежно бавни свиоци, за кои е потребна слична конфигурација на потисната сила како во Монако, и многу долги правци, на кои нивото на потисната сила е слично на Монца.
Тимовите се обидуваат да го пронајдат оптималниот сооднос на овие две екстремно спротивни конфигурации во однос на потисната сила. Кратката историја на трката сугерира дека не постои едно решение што одговара на сите предизвици.
Претекнувањето е споредливо со Австрија и Бахреин, патеки каде тоа е лесно остварливо, така што стратегијата со боксевите е повеќе оптимална, отколку реакционална.
Загубата на време за влез во бокс е околу 19-20 секунди, со што патеката во Баку е една од побрзите во однос на оваа карактеристика на трката.
Кога возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 15:00 часот по локално време, воздухот ќе се загрее до 27 степени и ќе дува засилен источен/северо-источен ветер. Не се очекуваат врнежи.
Стратегијата е водена од деградација на гумите, а Пирели ги донесе своите најмеки смеши C3, C4 и C5. Безбедносниот автомобил има потенцијал да влијае на стратегиите затоа што веројатноста за прекин на трката е голема.
Трката за Големата Награда на Азербејџан која се состои од 51 круг, од стратегиоска гледна точка е јасна, во нормални околности ќе гледаме само едно застанување во бокс.
Но, постојат два начини да се пристапи кон истата, а исто така и големата веројатност за излегување на безбедносниот автомобил може целосно да ги сврти работите.
Теоретски најдобриот начин да се започне трката се жолтите гуми, а потоа да се премине на црвени до крајот. Оваа опција има прозорец за застанување помеѓу 26-32 круг. Спротивниот избор црвени-жолти дава прозорец на застанување помеѓу 16 и 22-от круг.
Оние кои сакаат да пробаат нешто поразлично може да ги користат жолтите гуми за почетниот стинт, па потоа трката да ја финишираат на белите.
Споменати стратегии се добри, но големата непознаница е безбедносното возило, кое би можело да понуди екстра брз пит-стоп во секој момент. Но, имаше и трки во Баку кои беа без никакви инциденти, така што тоа не е нешто на кое некој може да се потпре.
Она што е сигурно е дека со стратегијата со две застанувања е јасно побавна, и освен ако не постои многу добра причина не е препорачливо да се употреби.
Дарио Марафуски, Пирели: "Вчерашните услови, како што се очекуваше, беа значително различни од четвртокот, со пониски температури на воздухот и на патеката и силни ветрови што придонесоа за намалување на стабилноста на болидите, особено во задниот дел."
"На почетокот од третиот тренинг, патеката беше многу валкана и нудеше ограничен грип, до тој степен што времињата на кругови беа побавни од оние забележани на првите тренинг сесии."
"Еволуцијата на патеката беше значајна во текот на целиот ден, дозволувајќи времињата на кругови постојано да се подобруваат и на крајот да ги достигнат нивоата предвидени со квалификациските симулации."
"Отсуството на значајна деградација им овозможи на тимовите да се залагаат за повеќе последователни возења на истиот сет црвени гуми, имајќи корист од еволуцијата на патеката, помалите оптоварувања со гориво и подобрените услови за работа на гумите."
"Затоа не беше изненадување што неколку возачи, вклучувајќи го и освојувачот на Пол позицијата Расел, ги поставија своите најбрзи кругови во третиот обид користејќи го истиот сет."
"Податоците собрани досега потврдуваат дека стратегијата со едeн пит-стоп останува најконкурентна опција. Комбинациите што вклучуваат жолти и црвени гуми се чинат особено ефикасни со оглед на ограничените нивоа на абење што се забележани."
"Употребата на најтврдата смеша за втор стинт би можела да стане алтернатива што вреди да се разгледа доколку се случи рана неутрализација на трката."
САБОТА ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ГН АЗЕРБЕЈЏАН
9/26/2026 11:10:00 AM
0
Share to other apps









