Ќе биде многу интересно да се види враќањето на Сепанг, особено во необичните околности на домаќинство на Ф1 трка во друга земја.
Ова се случило многу пати во историјата, но во малку поинакви форми. Големата Награда на Швајцарија во 1982 година се одржа во Дижон, Франција.
Големата награда на Луксембург во 1997 и 1998 година се одржа на Нирбургринг, Германија, а Имола, Италија, беше домаќин на Големата Награда на Сан Марино од 1981 до 2006 година.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 09:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Изнајмување на патека во друга земја за домаќин на национално Гран При во средина на сезоната е уникатен случај. Патем, оваа идеја би можела понатаму да се развива!
Замислете некој да инвестира во изградба на патека во Македонија придружена со луксузни хотели, концертни места и можност за промена на нејзината конфигурација за да се разликува секоја трка. Катарци, Бахреинци повелете!!!
Изнајмувачот однапред специфицира колку маневри за престигнување сака да има неговата трка, промена на конфигурацијата, во кое време од денот сака да биде сом поставување рефлектори и како сака да се вика сето тоа.
Потоа ги префрла парите и, на одреден ден, ги собира гостите за нивното Гран При. Оваа недела во Сепанг ќе биде нешто слично. Гледачите со веќе купени билети се носат со чартер летови и храна, и пијалоци, и Формула 1. Добро де може да каснат и нешто наше, не е толку лошо.
И ќе се пушти химна пред почетокот. Да видиме чија ќе биде на Бахреин или Малезија? По логиката на нештата треба да биде химната на Бахреин, само малку ќе биде чудно што се наоѓаме во Малезија.
Со патеката во Малезија започна ерата на Херман Тилке.
Сепанг беше изграденa за неверојатни 14 месеци и кога на 9 март 1999 година беше свечено отворена, се сметаше за револуционерна патека со модерни капацитети и уникатен дизајн.
Двата долги правци проследени со остри кривини се потписот на оваа патека.
Ширината на патеката овозможува бројни можности за престигнување, но максималната брзина што може да се постигне на правците се ограничува, бидејќи тимовите ја жртвуваат сировата брзина за аеродинамичниот грип и добар баланс на болидот низ свиоците.
Тоа предизвикува исклучително високи оптоварувања на гумите, дополнето со силното притискање на сопирачките во 17 проценти од еден круг и високите температури.
Малезиското ГП се одржуваше на крајот од септември, веднаш по ноќната трка во Сингапур. Оваа година поради ситуацијата на блискиот исток и неможноста Бахреин да организира трка на домашен терен, патеката Сепанг беше избрана за домаќин на овој настан.
Жештината го прави викендот многу исцрпувачки за возачите, но исто така и за погонските единици на болидите. Екстремната топлина значи дека ладењето на истата може да биде проблематично.
Поројните дождови се честа појава во Малезија, што може да доведе до неочекуван расплет на трката и викендот воопшто, но досега дождот иако најавен го нема никаде.
Тоа беше особено видливо во 2009 година, кога директорот на трката беше принуден да ја заврши по само 31 круг поради поплавената патека.
Со тоа ФИА се реши на возачите кои беа во топ 10 пласманот да им додели само по половина поени, за прв пат по 1991 Австралиското ГП, кога беа комплетирани само 14 круга од трката.
Сепанг е еден вид на домашна патека за Мерцедес АМГ, но по 19 организирани трки Малезиската влада од 2018 година одлучи да не биде домаќин на Формула 1.
Трката за Големата Награда на Бахреин која се состои од 56 круга и Пирели предвидува најмалку две застанувања во бокс за промена на гумите.
На хартија, комбинациите жолти-бели-бели и црвени-бели-бели изгледаат како едни од најконкурентните.
Сепак, постојат и специфични ситуации, како оние на Ферстапен и Леклер, кои имаат на располагање само по еден комплет бели гуми и затоа можеби ќе разгледаат поинакви пристапи, со поголемо користење на црвени и жолти гуми, или дури и разгледување на стратегии со три застанувања во боксот.
Во такво сценарио, опсегот на можности станува многу поширок, со пократки стинтови и поголема флексибилност.
Од друга страна, малку е веројатно дека ќе видиме стратегии со едно застанување, кои на хартија не нудат предност во однос на вкупното време на трката на патека каде што претекнувањето е можно на повеќе места.
Конечно, останува и елементот на неизвесност поврзан со временските услови, со можност за дожд што би можел да влијае на стратешките одлуки на тимовите.
Дарио Марафуски, Пирели: "Условите на патеката постепено се подобруваа во текот на денот, овозможувајќи ѝ на најмеката смеша да понуди многу конкурентни перформанси во квалификациите."
"И покрај тоа, времињата по круг останаа значително побавни од оние предвидени со симулациите, што укажува на тоа дека еволуцијата на патеката не беше доволна за да се надомести разликата."
"Во обидот веднаш да се извлече максималниот потенцијал од црвените гуми, нејзиното трошење значеше дека по првиот брз круг не можеа да се извозат други конкурентни кругови."
"Тренинг сесиите покажаа дека оваа смеша може да одржи прифатливо ниво на конзистентност во трка, доколку постепено се доведе до соодветниот работен опсег во текот на воведните кругови."
"Оваа карактеристика би можела да биде особено важна за трката, со оглед на бројот на комплети црвени гуми што ги зачуваа неколку тима."
"Трката за Големата Награда на Бахреин изгледа особено интересна од стратешка гледна точка. Повеќето возачи имаат на располагање два комплета бели гуми, што би требало да претставува солидна опција за подолгите стинтови, благодарение на нивната поголема термичка отпорност и помалото трошење во споредба со помеките смеши."
Сепанг е одлична патека. Извонредна. Првото комплетно архитектонско дело на Херман Тилке и, според мислењето на многумина, неговото најуспешно.
Трката во Малезија речиси секогаш била една од најспектакуларните и не секогаш ја добивале фаворитите. Возачите се поделени во две приближно еднакви групи. Десет од нив веќе се тркале во Сепанг, а дванаесет ќе дојдат за прв пат.
Претекнувањето е лесно во Сепанг, а тимовите претпочитаат да користат агресивна стратегија, знаејќи дека возачите имаат добри шанси да се пробијат низ сообраќајот.
Асфалтот не се променил многу од последната трка, а како ќе се покаже со гумите за 2026 година, останува да се види.
Додадете ја топлината, високата влажност и прогнозата за дневни грмотевици, и ја добивате совршената комбинација на варијабли за возбудлива трка.
Треба да биде забавна трка, што е секогаш добредојдена промена пред Сингапур.
Сите сесии во петок и сабота се одржаа на сува патека, но можни се грмотевици за време на трката.
Возачите ќе го започнат кругот за загревање во 15:00 часот по локално време.
Дотогаш, температурата ќе се искачи на 30 степени Целзиусови, со облачно небо и југозападни ветрови. Веројатноста за врнежи, моментално се проценува на од 49% за почетокот и 22% кон крајот на трката.
НАЈАВА НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БАХРЕИН
10/03/2026 11:13:00 PM
0
Share to other apps








