Групна фотографија за спомен - Возачи сезона 2012
Ако во 2012 година, поголемиот дел од најдобрите тимови ги задржаа истите возачи, годинешниот трансфер период не помина без изненадувања. Едно од најголемите изненадувања го приреди Луис Хамилтон кога потпиша тригодишен договор со Мерцедес АМГ, додека неговото место во Мекларен беше пополнето со Серџо Перез. Овие промени беа катализатор за други трансфери на возачкиот пазар за 2013 година.
Во продолжение следат потврдените и најверојатни гласини за возачите постави, тим по тим:Ред Бул - Себастијан Ветел(потврден) и Марк Вебер(потврден)
Тимот се води од мотото стабилност - клуч за успех. Тие заслужено се горди на стабилноста во екипираноста од највисоки позиции до најниски. Оваа година, по појавувањето на информации во медиумите за преговори на Вебер со Ферари, реагираа веднаш и повторно потпишаа едногодишен договор со Австралиецот, а договорот на Ветел трае до крајот на 2014 година.
Ферари - Фернандо Алонсо(потврден) и Фелипе Маса(потврден)
Шпанецот има повеќе-годишен договор, со тоа од Ферари потврдуваат дека својата иднина во наредните години планираат да ја градат со него. За разлика од Алонсо, со името на неговиот тимски колега за 2013 година беше шпекулирано речиси од почетокот на шампионатот. Маса ја почна сезоната лошо, тимот дури и официјално потврди разговори со Марк Вебер, но по летната пауза Бразилецот постигна напредок, и во Октомври, Ферари објави дека се решиле за продолжување на договорот на Бразилецот до крајот на сезоната 2013.
Мекларен - Џенсон Батон(потврден) и Серџо Перез(потврден)
Мекларен како да се најголемите губитници во овој сегмент од Ф1. Никако не можеа да се договорат со Луис Хамилтон, со што еден од најуспешните возачи во последните неколку години замина во Мерцедес АМГ. Остана Џенсон Батон да го предводи тимот, а како негов тимски колега беше донесен Серџо Перез. Мора да напоменеме дека заедно со младиот мексикански возач доаѓа и нов спонзор, телекомуникациската компанија Telmex, што може да биде многу корисно по гласините за можна разделба со Водафон.
Лотус - Кими Раиконен(потврден) и Роман Грожан(потврден)
Во 2012 година, Лотус имаше целосна промена на возачкиот состав, потпишувајќи договори со Кими Раиконен и Роман Грожан. Тимот превзеде ризик со избирање на возачи кои не беа во Формула 1, но тоа им се исплати. Раиконен речиси веднаш демонстрираше иста брзина од шампионските денови, а Грожан, иако можеше да избегне неколку сериозни грешки од негова страна, успеа неколку пати да се искачи на подиумот.
Мерцедес АМГ - Луис Хамилтон(потврден) и Нико Розберг(потврден)
Потпишувањето на три годишен договор со Хамилтон, значеше повторна пензија за Михаел Шумахер. Седумкратниот светски шампион го напушти тимот, оставајќи го своето место на Луис Хамилтон и Нико Розберг. Борбата помеѓу овие двајца возачи може да биде една од најинтересните интриги за следната сезона.
Заубер - Нико Хулкенберг(потврден) и Естебан Гутиерез(потврден).
Заминувањето на Серџо Перез во Мекларен, ги остави без еден возач. Но, од овој тим се решија за коплетна промена на возачката постава за следната сезона. Потпишаа договори со Нико Хулкенберг и Естебан Гутиерез
Форс Индија - немаат потврдено возачи
Претставниците на Форс Индија официјално објавија дека тимот ќе ги именува своите возачи по истекот на сезоната. Постојат неколку причини, вклучувајќи можни договори на возачите со останатите тимови и изобилството на кандидати на пазарот. Тимот се наоѓа во тешка финансиска ситуација, па затоа не се брзаат со својата одлука. Со намалување на бројот на возачки места во другите тимови, шансите за договори се зголемуваат. Некои од кандидатите се Жил Бјанки, Луис Рациа, Пол ди Реста, Адријан Сутил, Хеики Ковалаинен, Давид Валсеки, Витантонио Лиуци...
Вилијамс - Пастор Малдонадо(потврден) и Валтери Ботас(потврден)
Многумина беа убедени дека деновите на Бруно Сена во Вилијамс се одброени, а заминувањето на Бразилецот денес и официјално беше потврдено. Како негова замена беше донесен Валтери Ботас, кој нема финансиска подршка зад себе, но неговата кариера е поврзана со Тото Волф, еден од акционерите на овој тим. Договорот е постигнат и со Пастор Малдонадо, и покрај гласините дека неговиот финансиски спонзор од Венецуела, компанијата PDVSA, не е премногу задоволна со овој тим.
Торо Росо - Даниел Рикардо(потврден) и Жан-Ерик Верн(потврден)
Минатата година, многумина беа убедени дека Торо Росо ќе го задржи истите возачи, но Хелмут Марко одлучи поинаку, и тимот имаше целосно нова возачка постава, земајќи два членови на својата младинска возачка академија. Имаше гласини за вакво нешто и оваа сезона, но оваа академија сега има шест возачи, но сите тие, освен Антонио Феликс да Коста, се премногу млади и немаат искуството на играње зад воланот на моќни Ф1 болиди. На крај беше потврдено останувањето на двајцата сегашни возачи.
Катерам - Чарлс Пик(потврден) и ?
Пред почетокот на Бразилското Гран при, од тимот беше беше потврдено дека е постигнат договор со Чарлс Пик за следната сезона, но името на неговиот тимски колега не беше соопштено. Во комбинација се Хеики Ковалаинен, Виталиј Петров, Гидо ван дер Гард, Бруно Сена...
Марусија - Тимо Глок(тековен договор) и Макс Чилтон(потврден)
Глок често го критикуваше тимот за недостаток на напредок, но активно учество на овој возач во развојот на тимот не им оставадруг избор. Тековниот договор на овој 30-годишен возач е до крајот на 2014 година, а за местото на неговиот бивши тимски колегаима неколку кандидати, но со најголеми шанси е Макс Чилтон.
ХРТ - кај овој тим не е сигурно и дали ќе учествува во Ф1 следната сезона
По официјалното соопштение од тимот дека се во потрага по потенцијални купувачи не сме сигурни дека овој тим ќе ја започне следната сезона, кое ќе биде неговото име, како дел од... Ако се биде во ред, возачи поврзувани со овој тим се Педро де ла Роса, Бруно Сена, Дани Клос, Нараин Картикејан.